Афранчи - традиционален народен танц кој потекнува од Сан-Доминго, денешна држава Хаити .[1]

Етимологија и историја

уреди

За време на колонијалната ера, зборот афранчи (значење - „ отпуштен “) се однесувал на слободните луѓе од црната раса, од кои многумина биле од мешано француско-африканско потекло. По револуцијата на Хаити, кога сите робови биле ослободени, терминот наместо тоа почнал да се користи за опишување на богатите и елитни луѓе со светла кожа („надмоќ на Мулато“).[1]

Европејците во Сан-Доминго биле воодушевени од афранчи забавата, и често ги терале робовите да танцуваат за да ги забавуваат колонијалните гости. Практиките на афранчи се рашириле низ Хаити, и биле придружени од кралеви и кралици со африканско потекло. Овој високо ценет стил на изведба и кралска асоцијација бил пренесен и во Куба, Порторико, САД и во остатокот од дијаспората кон крајот на осумнаесеттиот век.[1]

Опис

уреди

Танцот вклучувал повеќе фигури со прав грб, стегнато торзо, фигури во француски стил и потоа импровизација во африкански стил на последниот сет[1] слично како тумба франчеза што подоцна се појавила во Куба од бегалците од Хаити, кои избегале од револуцијата на Хаити, но била изведувана на гудачки и на дрвени дувачки инструменти, наместо на тапани.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Daniel, Yvonne (15 December 2011). Caribbean and Atlantic Diaspora Dance: Igniting Citizenship. ISBN 9780252036538. Посетено на 18 March 2014. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „dance“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  2. Daniel, Yvonne (2005). Dancing Wisdom: Embodied Knowledge in Haitian Vodou, Cuban Yoruba, and Bahian Candombié. стр. 122. ISBN 9780252029660. Посетено на 8 December 2014.