Атлас на облаците (роман)
Атлас на облаците — роман од 2004 година и трета книга на британскиот писател Дејвид Мичел. Книгата се состои од шест испреплетени приказни што го носат читателот од далечините на Јужниот Тихи Океан во деветнаесеттиот век па сè до далечната, постапокалиптична иднина. Романот е добитник на многу награди меѓу кои и наградата за фиктивна литература на британските книжевни награди.
Насловна страна на првото издание | |
Автор | Дејвид Мичел |
---|---|
Изработувач на корицата | И.С. Ален |
Земја | Велика Британија |
Јазик | Англиски |
Жанр | Научна фантастика Драма Фантазија |
Објавена | 2004 (Sceptre) |
Медиум | Print (Тврд повез и Мек повез) |
Страници | 544 (прво издание, тврд повез) |
OCLC | 53821716 |
823/.92 22 | |
Клас. КБ | PR6063.I785 C58 2004b |
Претходна | number9dream |
Следна | Black Swan Green |
Кратка содржина
уредиРоманот се состои од шест поврзани приказни што го носат читателот од далечините на Јужниот Тихи Океан во деветнаесеттиот век па сè до далечната, постапокалиптична иднина. Во текот на читањето откриваме дека секој расказ е всушност приказна која е читана или набљудувана од страна на главниот лик од наредната приказна. Првите пет приказни се прекинати во клучен момент. По шестата приказна, авторот повторно се враќа на претходните пет и ги завршува во обратен хронолошки редослед и секоја завршува како главниот лик ја чита или наблудува хронолошки претходната работа во ланецот од приказни. На крајот, читателите завршуваат со првата приказна, со Адам Јуинг во деветнаесеттиот век во Јужниот Тихи Океан. Секоја приказна содржи документ, филм или традиција што исто така се појавува во претходната приказна. Со тоа покажува дека историјата, не само што се повторува, туку и се поврзува со луѓето во сите временски периоди и места.
Дневникот на Адам Јуинг за патувањата низ Јужниот Тихи Океан (прв дел)
уредиПрвата приказна започнува на Четемските острови (архипелаг на Тихи Океан), во 1850 година. Адам Јуинг, наивен американски нотар од Сан Франциско, за време на златната треска во Калифорнија, чека да биде поправен неговиот брод. Тој сведочи на една сцена кога Мориори роб, Утуа, (пацифисти кои се експлоатираат од страна на Маорите) е камшикуван од маорски човек (воини кои се експлоатирани од британците) и го гледа со сожалување. Подоцна, Јуинг се качува на ридот Коникал Тор, каде што паѓа во дупка од кратер, но успева да се врати назад. На бродот, единствениот пријател на Јуин, доктор Гус, ги прегледува повредите на Адам од падот и дознава за неговата хронична болест. Користејќи го овој факт, докторот му вели дека всушност се работи за смртоносен паразит и му предлага третман кој би му помогнал. Адам го прифаќа со благодарност третманот. Во меѓувреме, на бродот е присутен и Утуа, кој цело време се криел во кабината на Адам, знаејќи дека нема да биде повреден. Утуа му докажува на капетанот дека е искусен морепловец и капетанот му дозволува да работи на бродот за да ја исплати неговиот пат до Хаваи.
Писма од Зеделгем (прв дел)
уредиПриказната се одвива во Зеделгем, во близина на Брухе, во Белгија 1931 година. Раскажана е преку писма од Роберт Форбишер, млад музичар од Англија,бисексуалец кој останал без пари, до неговиот пријател и љубовник од Кембриџ, Руфус Сиксмит. Фробишер заминува за Зеделгем, за да работи како писар за познатиот композитор Вивиан Ејр, кој умира од сифилис и му е потребен човек за пишува наместо него. По кратката авантура на Фробишер со човек од екипажот на бродот, откриваме дека Фробишер има белег на рамото во облик на комета. Сопругата на Ејр, Јокаста, почнува да флертува со него и нејзината ќерка почнува да се сомнева во нив. Наскоро, Фробишер и Ејр го завршуваат делото Der Todtenvogel кое секоја вечер се слуша низ Каков и станува многу популарно. Фробишер почнува повторно да компонира и тој и Јокаста стануваат љубовници. Фробишер почнува да краде ретки книги од колекцијата на Ејр и да ги продава, сè додека не открие книга со наслов „Дневникот на Адам Јуинг за патувањата низ Јужниот Тихи Океан“, но се вознемирува кога гледа дека половина од книгата е скината. Според него, книга прочитана до половина е како недовршена љубовна врска. При читањето на книгата интересен му е фактот што авторот не е свесен дека докторот Гус не му помага, туку всушност му наштетува. Една вечер додека е со Јокаста во кревет, во собата влетува речиси слепиот Ејр и бара Фробишер да ги запише нотите што ги слушнал на сон, без воопшто да ја забележи Јокаста, која се скрила под креветот. Во сонот, длабоко во подземјето имало ресторан кое наликувало на кошмар, каде сите келнерки наликувале една на друга и јаделе сапун. Откако завршиле со компонирање на песната, Ејр го прашува Фробишер дали неговата сопруга флертувала со него, на што Фробишер одговара не. Кога доаѓа време Фробишер да си замине, Јокаста му се заблагодарува што успеал да му помогне на Вивиан. Но, на барање на Ејр, Роберт се согласува да остане до следното лето и да му помогне музиката од сонот да ја претворат во голема симфонија наречена „Вечно повторување“.
Половични животи: Првиот роман со мистерии за Луиза Реј (прв дел)
уредиТретата приказна е напишана како роман со мистерии и се одвива во измислениот град Буенас Јербас, во Калифорнија во 1945 година. Луиза Реј е млада новинарка која истражува извештај што вели дека новата атомска централа не е безбедна. Руфус Сиксмит ја среќава Луиза во лифт и ја слуша нејзината приказна додека се заглавени во лифтот откако ќе снема струја. Нејзиниот покоен татко бил еден од малкуте некорумпирани полицајци на должност. Луиза вели дека е подготвена да го ризикува својот живот за нејзиниот новинарски интегритет, бидејќи во спротивно, би го исмевала животот на нејзиниот татко. Сиксмит сфаќа дека може да и верува на Луиза и и открива дека централата Seaboard HYDRA не е безбедна како што велат. Набргу после оваа изјава тој е убиен и Луиза сфаќа дека стопанствениците одговорни за централата ги елиминираат сите можни закани. Од хотелската соба на Сиксмит, Луиза успева да ги најде писмата од Фробишер и е толку воодушевена од композиторот што го порачува неговото единствено објавено дело Cloud Atlas Sextet. Во писмата од Фробишер открива дека тој има белег во облик на комета, ист како што има и таа. Приказната завршува како платен убиец ја турка колата на Луиза од мост заедно со самата Луиза и инкриминирачките документи на Сиксмит за централата, пред да може да каже некому.
Страшното измачување на Тимоти Кевендиш (прв дел)
уредиЧетвртата приказна се одвива во денешно време во Британија и има комичен тон. Тимоти Кевендиш е 65 годишен издавач кој бега од браќата на некогиот клиент кој е гангстер. Братот на Кевендиш, уморен од молбите на својот брат за финансиска помош, го сместува во старечки дом од кој Тимоти не може да избега. Откако медицинската сестра Ноакис го вознемирува, Тимоти се обидува да избега, но е повторно вратен назад. Во текот на неговите авантури, Тимоти накратко споменува дека го чита романот Половични животи: Првиот роман со мистерии за Луиза Реј и дека воопто не му се допаѓа. Ова не тера да се запрашаме што всушност било вистинито до сега. Тимоти се навикнува на домот, но повторно се обидува да најде начин да избега. Поглавјето завршува како Тимоти има напад и не знаеме што ќе се случи со него.
Молитва на Сонми-451 (прв дел)
уредиПеттата приказна се одвива во Неа Со Корпос, земја во иднината што подоцна откриваме дека е Кореја, тоталитарна земја што се развила од корпорациска култура. Раскажана е преку интервјуа меѓу Сонми-451 и еден архивист кој ја документира нејзината приказна. Сонми-451 е генетски произведен фабрикант (клон), еден од многуте кои се произведени за работа на многу места, меѓу кои и ресторанот за брза храна Папа Сонг. Подоцна дознаваме дека фабрикантите се користени од чистокрвното општество и нивната свест е контролирана преку хемиска манипулација. Сонми-451 се среќава со лица од бунтовничкото подземје, кои ја вадат од затворениот фабрички свет и и дозволуваат да биде своја. Потоа, Сонми-451 се присетува како го гледала филмот Страшното измачување на Тимоти Кевендиш и била воодушевена од пораката на филмот. Но, токму во моментот кога главниот протагонист Тимоти доживува напад, влегува еден ученик и ги прекинува во гледањето. Ученикот вели дека професорот Мепи бил уапсен и дека по нив доаѓаат четириесет или педесет службеници со наредба да ја убијат Сонми-451 и да го испрашуваат Хе-Џо. Хе-Џо и вели на Сонми-451 дека не е тој што се претставува дека е, додека снимката со ликот на Тимоти Кевендиш е во позадина на прожекторот.
Преминувањето на Слуша и се потоа
уредиШестата приказна го зазема главното место во романот и е единствената приказна што не се прекинува. Еден стар човек по име Закари раскажува приказна од својата младост и постепено дознаваме дека живее во постапокалиптично општество на Големиот Остров на Хаваите. Неговиот сонарод, луѓето од Долината, се мирољубиви фармери кои се често вознемирувани од насилното племе Кона од другата страна на островот. Луѓето на Закари ја обожуваат божицата Сонми и знаат за настанот на речен Падот, каде целата цивилизација на Земјата – позната како Олд Унс, е уништена и преостанатите преживеани сега се примитивци. Големиот Остров е повремено посетуван од технолошко напредни луѓе познати како Прескиентс кои пристигнуваат со бродови. Една жена по име Мероним останува со локалните луѓе за да ја набљудува нивната технологија, култура и верски обичаи. Закари почнува да се сомнева и една вечер се искрадува во нејзината соба каде што наоѓа направа за снимање и холографска видеоконференција во форма на јајце. Сестрата на Закари подоцна е отруена од риба-шкорпион и Мероним и дава лек. Закари потоа ја води Мероним на врвот на вулканот Мауна Кеја, место од кое месните жители се плашат поради неговите мистериозни храмови. Подоцна откриваме дека храмовите се всушност остатоци од обсерваториите на Мауна Кеја. Закари е шокиран кога дознава божицата Сонми била всушност човечко суштество и дека направата ја раскажува нејзината приказна. По нивното враќање, одат со повеќето луѓе од Долината да разменуваат производи во Хунака, но се нападнати и заробени од племето Кона. Закари и Мероним успеваат да побегнат и одат на побезбеден остров. Приказната завршува како детето на Закари се присетува на неверојатните приказни што му ги раскажувал татко му. Исто така, тој ја има и копијата од молитвата на Сонми од неговиот татко, што често ја гледа иако не го разбира нејзиниот јазик.
Молитва на Сонми-451 (втор дел)
уредиСонми ја дознава вистината за Неа Со Корпос, дека фабрикантите всушност не се ослободуваат откако ќе го завршат работното време туку дека ги убиваат и ги рециклираат во храна. На состанувањето со бунтовниците таа пишува Декларација каде што ја кажува вистината за нивното општество и повикува на бунт. Потоа таа е уапсена и приказната продолжува како таа му раскажува на архивистот. Открива и дека знае сè што и се случило било поттикнато од Владата со цел да се создаде слика на непостоечки непријател кој ќе ги охрабрува фабрикантите. Но, сепак таа верува нејзината Декларација ќе побуди инспирација. Нејзината последна желба пред да биде погубена е да го догледа филмот за Тимоти.
Страшното измачување на Тимоти Кевендиш (втор дел)
уредиТимоти доживува срцев удар од кој заздравува цел месец, но не успева да го напушти домот. Времето го поминува читајќи го ракописот за Луиза Реј и одлучува дека треба да го отстрани алудирањето дека Луиза е реинкарнираниот Роберт Фробишер. Додека бара начин да избега. Тимоти среќава мала група на луѓе кои исто така живеат вов домот, кои го поминуваат своето време во собата со бојлери. Господинот Микс ретко зборува, Ерни Блексмит го одржува бојлерот, а за возврат, менаџерите му дозволуваат да носи едно шише со алкохол. Ерни му вели на Тим дека бегствата од домот не успеваат бидејќи никој не мисли за логистиката после бегството како превоз и пари. Ерни споменува дека арогантниот син на госпоѓа Хочкис, Џонс Хочкис, ги остава клучевите во моторот секогаш кога доаѓа на посета. Доаѓал често бидејќи се обидувал да открие каде неговата мајка го чува семејниот накит, што го скрила откако дознала дека нејзиниот син ќе ја смести во дом. Во следните два дена дружината го планира нивното бегство и планот изгледа како ред од домино. Прво, треба да го натераат Џонс да дојде во домот сто неговиот автомобил. Крадат мобилен телефон и Кевендиш се претставува како доктор и му вели на Џонс дека неговата мајка наскоро ќе почине и постојано зборува за некаков накит. Потоа, Ерни ја убедува медицинската сестра Ноакес дека Кевендиш е мртов, покажувајќи и го неговиот кревет со перници наместени под ќебето и ја заклучуваат во собата. За тоа време, Вероника го праќа Џонс во залудна потрага по неговата мајка. Друштвото се качува во колата на Хочкис и изглетуваат низ портите на домот и се конечно слободни. Во меѓувреме, браќата Хагинс ја пребаруваат канцеларијата на Кевендиш, но неговата секретарка успева да го сними тој вандализам. Таа им вели дастојат понастрана од Кевендиш или во спротивно, видеото ќе биде ставено на интернет и тие ќе одат во затвор. Секретарката на Кевендиш праќа електронска пошта до авторот и ја искажува неговата заинтересираност за објавување на првата половина од ракописот што ја прочитал.
Половични животи: Првиот роман со мистерии за Луиза Реј (втор дел)
уредиЛуиза излегува од колата што тоне, но сè уште ја брка платениот убиец, Бил Смоук, кој работи за Seaboard. Ја зема нејзината копија од Cloud Atlas Sextet на Роберт Фробишер и е вчудовидена кога ја препознава симфонијата, иако речиси никој не ја слушнач. Смоук ја намамува со копија од извештајот на Сиксмит за централата, но на помош доаѓа Џо Непир и Смоук и Џо се убиваат. Луиза сега може да им ги открие вистинските лица на корумпираните корпорациски менаџери. На крајот на приказната, таа добива пакет од внуката на Сиксмит со уште осум други писма од Фробишер до Сиксмит.
Писма од Зеделгем (втор дел)
уредиФробишер продолжува да работи со стариот композитор, но во исто време го компонира и Cloud Atlas Sextet. Додека се пакува да замине од домот на Ејр, кој почнал да ги краде музичките идеи на младиот композитор, ја открива втората половина на дневникот на Адам Јуинг за патувањата низ Јужниот Тихи Океан. Се искрадува од куќата и се затвора во хотелска соба, го завршува секстетот и на крај одлучува да се убие. Задоволен е со таа одлука бидејќи верува дека го завршил неговото најдобро дело, но тагува по неговата единствена и вистинаска љубов, Сиксмит. Пред да си го одземе животот, му пишува писмо на Сиксмит заедно со сектетот и дневникот на Адам Јуинг.
Дневникот на Адам Јуинг за патувањата низ Јужниот Тихи Океан (втор дел)
уредиЈуинг го посетува островот Реатеа каде сведочи како мисионерите се однесуваат со тамошниот народ како со дивјаци и ги третираат како робови. На бродот, здравствената состојба на Адам се влошува и сфаќа дека д-р Гус го труе за да украде сè што поседува Адам. Но, Утуа го спасува и поради тоа Адам го посветува целиот негов живот на движења за укинување на ропството.
Прифаќање на романот
уредиАтлас на облаците има добиено позитивни критики од критичари кои сметаат дека во романот успешно се испреплетени шесте приказни. Новинарот на БиБиСи, Кејли Оукс вели : Дејвид Мичел зеде шест драстични различни приказни и ги претопи во едно фантастично и комплексно дело. Kirkus Reviews ја нарекуваат книгатабрилијантно раскажување на приказни."[1] Лаура Милер од весникот New York Times ја споредува книгата со совршениот крстозбор бидејќи била предизвик да се чита, но сепак била забавна.[2] Добитникот на Booker Prize и автор, А. С. Буат, во критика за весникот The Guardian пишал дека романот дава ретко, целосно, наративно уживање.[3] Џеф Тјурентин за весникот The Washington Post го нарекол романот еден невообичаено промисен додаток на жанрот на книги-сложувалки што сè повеќе се зголемува.[4] Во секцијата кратко забележани книги во списанието The New Yorker, романот е наречен виртуозен.[5] Критичарот Фредрик Џејмсон го нарекува романот една нова варијација на историски роман со примеси од научната фантастика кој е дефиниран од патиштата на иднината тие од минатото.[6] Весникот The Daily Telegraph му дале на романот мешани критики поради темите кои се судираат едни со други и Тео Теит напишал: Накратко, Атлас на облаците, половина од времето се обидува да биде како Симсонови, а во другата половина се обидува да биде како Библијата."[7]
Теми во романот
уредиЗа книгата, Мичел кажал:
Сите главни ликови освен еден, се реинкарнација на иста душа во различно тело, во романот препознатливи по белегот... тоа е само симбол на универзалноста на човековата природа. Самиот наслов на романот се однесува на прикажувањата на Атласот што постојано се менуваат, кои ја претставуваат константната човекова природа. Значи темата на книгата е грабливост, начинот на кој индивидуалците се нафрлаат врз индивидуалци, групите врз групи, нациите врз нации.[8] Исто така, и многу други теми преовладуваат во книгата. На пример, подемот и падот можеме да го забележиме во сите шест приказни. Адам Јуинг додека се искачувал на вулканот на островот, паѓа во јама (стр.19); Роберт Фробишер е принуден да скокне од прозор од хотелската соба за да не ја плати сметката (стр.43); колата на Луиза е истуркана од работ на мостот и паѓа во водата (стр.144); авторот чие дело Тимоти Кевендиш го објавил, фрла критичар од 12-тиот кат од хотел (стр.151); клонот, фабрикантот, по име Сонми-451 се искачува од подземниот трговски центар каде што работи (стр.208) и нејзината совест која расте, е опишана како подем. И искачувањето на Закари и Мероним е еден од примерот за темата (од 282-ра страна). Автентичноста на повеќето од приказните е предизвикувачка. На пример, Роберт Фробишер смета дека дневникот на Јуинг е премногу совршено напишан за да биде вистинит, но сепак се прашува дали неговото музичко дело е исто вистинито. Половични животи на Луиза Реј е авантуристички роман пратен во издавачката куќа на Тимоти Кевендиш. Бројот шест се повторува низ целиот роман. Има шест приказни, е секстет; главниот лик се вика Сиксмит и има 66 години; полицаец е застрелан шест пати; Напиер ја познава Луиза од нејзината шеста година; Тимоти има 66 години и му требаат 60.000 фунти за да не го претепаат; Сонми рецитира шест катацизми, живее на шестиот кат итн.
Структура и стил
уредиДејвид Мичел, во едно интервју изјавил дека насловот бил инспириран од музика со истото име на јапонскиот композитор Тоши Ичианаги, првиот сопруг на Јоко Оно: Го купив цд-то само поради прекрасниот наслов на таа песна."[9] Стилот на книгата е инспириран од онаа на Итало Калвино, If On A Winter’s Night A Traveller, која се состои од неколку недовршени раскажувања. Она што Мичел го додал било огледало во средината на книгата за да може секоја приказа да има свој крај. Мичел има изјавено дека ликовите на Роберт Фробишер и Вивиан Ејр биле инспирирани од Ерик Фенби и Фредерик Делиус.[10] Во Атлас на облаците може да се најде поврзанос со други дела на Мичел. Во Половични животи: Првиот роман со мистерии за Луиза Реј и Страшната приказна за Тимоти Кевендиш се споменати неколку споредни ликови од романот на Мичел, Ghostwritter.
Филмска адаптација
уредиРежисерите Том Тајквер и браќата Вачовскис снимиле филм според романот. Снимањето започнало во септември 2011 година во студиото Бабелсберг во Германија, откако имале доволно глумци за сите приказни. Филмот бил објавен на 26ти октомври 2012 година во Америка. Истиот период, Мичел објавил статија за весникот Wall Street Journal со име “Преведувајќи го Атлас на облаците во јазикот на филмот”, каде тој ја споредува работата на филмските адаптери со онаа на преведувачите. Тој изјавил дека е задоволен од неговиот краен производ како успешен превод од еден медиум кон друг.[11]
Наводи
уреди- ↑ Oakes, Keily (2004-10-17). „Review: Cloud Atlas“. BBC. Посетено на 2012-08-02.
- ↑ Miller, Laura (2004-09-14). „Cloud Atlas Review“. New York Times]]. Посетено на 2012-08-02. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ Byatt,A.S. (2004-02-28). „Review: Cloud Atlas by David Mitchell“. The Guardian]]. Посетено на 2012-08-02. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ Turrentine, Jeff (2004-08-22). „Fantastic Voyage“. The Washington Post. Посетено на 2012-08-02. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ „Cloud Atlas“. The New Yorker. 2004-08-23. Посетено на 2012-08-02.
- ↑ Fredric Jameson, The Antinomies of Realism, London and New York: Verso, 2013, p. 305.
- ↑ Tait, Theo (2004-03-01). „From Victorian travelogue to airport thriller“. The Daily Telegraph. Посетено на 2012-08-02. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ „Bookclub“. BBC Radio 4. June 2007. Посетено на 2008-04-19.
- ↑ „The Art of Fiction No. 204“. том Summer 2010 no. 193. 2010. Наводот magazine бара
|magazine=
(help) - ↑ Turrentine, Jeff (2004-08-22). „Washington Post“. The Washington Post. Посетено на 2008-04-19.
- ↑ Mitchell, David (October 19, 2012). „Translating 'Cloud Atlas' Into the Language of Film“. Wall Street Journal. Посетено на October 19, 2012.
Додатна библиографија
уреди- Dillon, S. ed. (2011) David Mitchell: Critical Essays (Kent: Gylphi) Архивирано на 27 декември 2012 г.
Надворешни врски
уреди- David Mitchell discusses Cloud Atlas on the BBC's The Culture Show
- Cloud Atlas at complete review (summary of reviews)
- Cloud Atlas by David Mitchell Архивирано на 4 септември 2020 г., review by Ted Gioia (Conceptual Fiction)