Атентат врз Франц Јосиф I

(Пренасочено од Атентат врз Франц Јозеф I)

Атентат врз Франц Јосиф I — неуспешен обид за убиство на австроунгарскиот цар Франц Јосиф I, којшто се случил на 18 февруари 1853 година. Настанот се смета за еден од најпознатите обиди за убиство во историјата на Австрија.

Атентат врз Франц Јосиф I
Атентатот врз Франц Јосиф I
МестоВиена, Австриско Царство
Датум18 февруари 1853
ЦелФранц Јосиф I
Употребено оружјенож
Мртвицарот бил ранет, но преживеал
СторителиЛајош Либењи

Атентат

уреди

Атентатот врз младиот тогашен австриски цар го извршил унгарскиот кројач Лајош Либењи. Тој бил поранешен хусар во Виена и обидот за убиство на Франц Јосиф I го извел со помош на кама. На денот на извршување на атентатот, царот излегол на прошетка на Кернтнерторскиот бастион, каде што Либењи се јурнал кон него. Најголема заслуга за одбивањето на нападот имал аѓутантот Максимилијан Карл Ламорал О'Донел, а веднаш на местото на случувањето пристигнал и месарот Јозеф Етенрајх којшто му помогнал. Како последица, царот се здобил со повреда во делот под тилот, додека напаѓачот бил соборен со сабја од страна на аѓутантите. Јанош Либењи бил уапсен, осуден на смртна казна и осум дена подоцна, на 26 февруари 1853, бил обесен во близина на камената кула „Плетачка на крст“ (германски: Spinnerin am Kreuz).[а]

Мотивот за обидот за убиство на царот Франц Јосиф I до денес сè уште не е разјаснет. Како можни се посочуваат унгарските национални мотиви, коишто требале да доведат до рушење на австриската власт. Покрај оваа теорија, се претпоставува и дека царот се обидвал одблизу да ја запознае граѓанската жена на Либењи.

Последици

уреди

Двајцата спасувачи на животот на царот Франц Јосиф I, грофот О'Донел и Јозеф Етенрајх, биле овековечени на планината на хероите, а месарот Етенрајх притоа бил и облагороден. Братот на Франц Јосиф, Фердинанд Максмилијан, повикал на дарување „во знак на благодарност за спасувањето на неговото величество“, со цел во Виена да се изгради нова црква. Црквата требала да послужи како заветен објект на населението на монархијата за спасувањето на Франц Јосиф. На повикот се огласиле околу 300.000 луѓе, а новоизградената црква била конечно осветена на 24 април 1879 година.

Во чест на неуспешниот атентат, Јохан Штраус Помладиот го компонирал делото Јубилеен марш за спасувањето на Франц Јосиф I (Op. 126), врз основа на коешто била доработена кралската химна на Австрија. Скоро по извршувањето на неуспешниот атентат се појавила и песна за кројачот Лајош Либењи.

Белешки

уреди
  • а Често погрешно се наведува дека казната била извршена во пределот Зимерингер Хајде.

Поврзано

уреди

Литература

уреди