Athena
(Пренасочено од Атена (музичка група))
Athena — турска ска панк музичка група основана 1987 година во Истанбул.[1] Од нејзиното основање групата сменила неколку постави, а во нејзиниот последен состав членуваат Гохан Озогуз (фронтмен и гитарист), Хакан Озогуз (гитарист и следечки вокал), Умут Арабачи (басист), Емре Атакер (клавијатури), и Синан Тинар (тапани). Иако Athena започнале како треш метал состав, по неуспешниот деби албум од 1993 го смениле жанрот во ска панк и алтернативен рок. Во 2004 ја претставувале Турција на Евровизија со песната „For Real“ со која завршиле четврти.[2] Athena низ кариерата имаат настапено како предгрупа на Ролинг Стоунс и Ред Хот Чили Пеперс.
Athena | |
---|---|
Фронтменот на групата, Гохан Озогуз | |
Животописни податоци | |
Потекло | Истанбул, Турција |
Жанрови | ска панк, алтернативен рок |
Период на активност | 1987–сѐ уште |
Издавачи | Universal Music |
Мреж. место | athenasite.net |
Членови | |
Гохан Озогуз Хакан Озогуз Умут Арабачи Емре Атакер Синан Тинар | |
Поранешни членови | |
Аликан Тезер Асрин Тунчер Ферит Тунчер Озан Карасуха Тургај Ѓилајдин Канај Ченген Бурак Ѓурпинар Озан Мислуоглу Догас Титиз |
Дискографија
уреди- One Last Breath (1993)
- Holigan (1998)
- Tam Zamanı Şimdi (2000)
- Mehteran Şeferi (2001)
- Herşey Yolunda (2002)
- Us (2004)
- Athena (2005)
- İt (2006)
- Pis (2010)
- Altüst (2014)
Наводи
уреди- ↑ Vefik Karaege „Athena Biography & Discography“ Allmusic
- ↑ Simon Barclay „The Complete & Independent Guide to the Eurovision Song Contest“ Lulu.com (2012)