Артурс Кугис
Артурс Кугис (роден на 17 јули 1992 г., во Салдус) е латвиски ракометар, голман на Вардар и на латвиската репрезентација.[2][3]
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Име и презиме | Артурс Кугис | ||
Роден(а) |
17 јули 1992 Салдус, Латвија | ||
Националност | Латвија | ||
Спорт | Ракомет | ||
Висина | м | 1,96||
Позиција | голман | ||
Клупски податоци | |||
Тековен клуб | Вардар | ||
Број | 92 | ||
Сениорски клубови | |||
2010-2012 2012-2013 2013-2014 2014-2015 2015-2017 2017-2019 2019- |
Тенакс Добеле Бекдорф Филинген Сен-Марсел Вернон Бекдорф Гросвалштат Вардар | ||
Репрезентација | |||
2017– | Латвија | 47 (1)[1] | |
Кариера
уредиКлупска кариера
уредиКугис ја започнала својата кариера во својата родна Латвија, играјќи за екипата на Тенакс Добеле. Во 2012 година го имал својот прв ангажман во странство кога потпишал за екипата на Бекдорф од Германија. По една сезона во третата лига на Германија, тој се преселил во норвешкото првенство каде со екипата на Филинген од Берген сезоната 2013-2014 ја завршил на четвртото место. Потоа следувала една сезона во Франција во екипата на Сен-Марсел Вернон, пред да се врати во Бекдорф во 2015 година. Во 2017 година потпишал за Гросвалштат, клуб со кој успеал да избори промоција во втората лига на Германија во првата негова сезона во клубот, но веќе во следната клубот испаднал назад во третата лига. Во летото 2019 година, Кугис потпишал за Вардар.[4]
Репрезентативна кариера
уредиКугис е репрезентативец на Латвија од 2017 година и бил дел од квалификациите за Европското првенство 2020.
Наводи
уреди- ↑ Arturs Kugis playmakerstats.com
- ↑ „Arturs Kugis Profile“. Европска ракометна федерација. Архивирано од изворникот на 2019-12-31. Посетено на 31 декември 2019.
- ↑ „Arturs Kugis“ (англиски). rkvardar.mk. Архивирано од изворникот на 2019-12-31. Посетено на 31 декември 2019.
- ↑ Летонецот Кугис Артурс нов голман на Вардар Ekipa.mk 19.6.2019
Надворешни врски
уреди- Профил на eurohandball Архивирано на 31 декември 2019 г.