Аркадиковски мост
Аркадиковскиот мост или Казармски мост ― микенски мост во близина на современиот пат од Тирин до Епидаврос на Пелопонез, Грција. Датира од грчкото бронзено време, тој е еден од најстарите лаковни мостови кои сè уште постојат и се користат денес и најстариот зачуван мост во Европа.
Аркадиковски мост (Казармски мост) | |
---|---|
Микенскиот Аркадиковски мост | |
Носи | Микенски пат Тиринс–Епидаврос |
Место | Аркадико, Арголис, Грција |
Особености | |
Вид | конзолно лаковен мост |
Материјал | Киклопски камен |
Вкуп. должина | 22 м |
Ширина | 2.50 м |
Висина | 4 м |
Најдолг распон | ок. 1 м |
Распони | 1 |
Историја | |
Отворен | ок. 1300-1190 п.н.е. (Доцен еладски III) |
Местоположба | |
Конзолниот лаковен мостот припаѓал во микенското време како пат меѓу двата града, кој сочинувал дел од поширока воена патна мрежа. Има распон на пропуст од околу 1 м и е изработен на типичен микенски начин на киклопски камења. Структурата е 22 м долга, 5.60 м широка во основата и 4 м висока. Ширината на коловозот на врвот е околу 2.50 м. Софистицираниот распоред на мостот и патот укажуваат на тоа дека тие биле посебно изградени за употреба од влечни коли.[1] Изграден во доцноеладско III (околу 1300–1190 п.н.е.), мостот сè уште се користи од месното население.[2]
Понатамошни микенски мостови во Арголис
уредиАркадиковскиот мостот е еден од четирите познати микенски мостови со конзолни лакови во близина на Аркадико, сите припаѓаат на истиот пат од бронзеното време меѓу двата града и сите со сличен дизајн и старост. Еден од нив е Петрогефирскиот мост кој минува низ истиот поток 1 км западно од Аркадиковскиот мост. Инаку слична по големина и изглед, структурата има поголем распон и малку повисок свод. Таа, исто така, сè уште се користи како месна патека.[1]
Петтиот, добро сочуван микенски мост се наоѓа во поширокиот регион кај Ликотрупи во северниот дел на Арголис, каде што бил дел од друг микенски главен пат. Неговите мерења се блиску до Аркадиковскиот мост: 5.20 м широк на дното, 2.40 м на врвот и со распон на конзолен лак од малку повеќе од еден метар. Патот сè уште има рабници за водење на коли кои брзо се движат.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 R. Hope Simpson (1998)
- ↑ Hellenic Ministry of Culture: Mycenaean bridge at Kazarma [{{{1}}} Архивирано] на {{{2}}}.
Извори
уреди- R. Hope Simpson, DK Hagel: "Mycenaean Fortifications, Highways, Dams and Canals", Paul Aströms Förlag, Sävedalen, во: Studies in Mediterranean Archeology, кн. CXXXIIIISBN 91-7081-212-8
- Р. Хоуп Симпсон, „Микенските автопати“, Classical Views, XLII, ns 17 (1998), 239–260
Дополнителна книжевност
уреди- Антон Јансен: „Автопати во бронзеното време во Микена“, Classical Views, XLI, ns 16 (1997), 1–16
Надворешни врски
уреди- Аркадиковски мост на Ризницата ?
- Аркадиковски мост — Structurae (англиски)
- Микенски мост во Казарма, Министерство за култура на Грција