Арвида Бистрем
Арвида Бистрем (родена на 4 октомври 1991 година) - шведска уметница, која е главно позната како фотограф и модел.
Ран живот
уредиАрвида Бистрем е родена на 4 октомври 1991 година, во близина на Стокхолм .
Уметност и фотографија
уредиБистрем почнала да фотографира на 12-годишна возраст со дигитален фотоапарат и направила многу селфиња за „да ја дознае вистината за тоа како те гледа светот“.[1] Првично инспирирана од Тамблер, таа почнала да објавува слики и да учествува во заедница на женски уметници кои ја доведуваат во прашање женственоста и родовите стандарди.[1]
Бистрем потоа се преселила во Лондон за да стане понезависна.[1] Таа ја направила својата прва модна серија за Монки.[2]
Бистрем претставила некои од нејзините фотографии во Бејб - книга објавена во мај 2015 година.[3]
Бистрем го истражува сопствениот идентитет како квир жена и ги доведува во прашање сексуализираните женски тела. Заедно со уметникот Моли Сода, составила книга за цензурата на Инстаграм, наречена Слики или тоа не се случи: Слики забранети од Инстаграм. Книгата била објавена во март 2017 година и прикажува претежно слики од женски тела кои Инстаграм ги отстранил.[4][5][6]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „PROFILE: ARVIDA BYSTROM – Wonderland“. wonderlandmagazine.com. 21 November 2013. Посетено на 6 October 2017.
- ↑ Dazed (11 December 2013). „Sugar-coated intimates“. dazeddigital.com. Посетено на 6 October 2017.
- ↑ Dazed (28 April 2015). „Petra Collins' visual guide to girl power“. dazeddigital.com. Посетено на 6 October 2017.
- ↑ Dazed (6 March 2017). „The photos Instagram doesn't want you to see“. dazeddigital.com. Посетено на 6 October 2017.
- ↑ „The Artists Who've Collected Images Banned from Instagram“. vice.com. 13 March 2017. Посетено на 6 October 2017.
- ↑ Banks, Grace (10 April 2017). „Pics Or It Didn't Happen: reclaiming Instagram's censored art“. Посетено на 6 October 2017.