Араонајски јазик
Араонајскиот јазик, или кавински јазик, е американски староседелски јазик кој се зборува во Боливија. Јазикот е мајчин јазик на Араонајците, од кои 90% течно го зборуваат јазикот. Јазикот меѓу народот се зборува во голем дел, но се забележува и употреба на шпанскиот јазик. Араонајците живеат покрај реката Манипури во департманот Ла Пас. Делови од Библијата се преведени на араонајски, а исто така има објавено и речник. Јазикот е еден од службените јазици во Боливија.
Араонајски јазик | |
---|---|
Araona, Cavina | |
Застапен во | Боливија |
Говорници | 81 |
Јазично семејство | пано-таканански
|
Писмо | латиница |
Статус | |
Службен во | Боливија |
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | aro |
Поврзано
уредиНадворешни врски
уредиВикимедииниот Инкубатор испробува Википедија на араонајски јазик |
- Араонајски јазик на Ethnologue (англиски)
- Араонајски на Rosetta Project[мртва врска]