Арамиска Пештера
Арамиската Пештера се наоѓа од левата долинска страна на реката Каменица, десна притока на Црна Река. Се состои од десцедентен канал и неколку споредни канали. Во крајниот јужен, долен дел на пештерата, егзистира пештерско езеро со должина од 12 метри. и просечна широчина од 2 метри. Измерената длабочина во езерото достигнува до 5 метри. Пештерата е релативно богата со украси (саливи, сталактити и сталагмити). Вкупната должина на Арамиската пештера изнесува 251 метар. Според категоризацијата на пештерите во Македонија, Арамиската Пештера спаѓа во категоријата Значајни пештери[1]
Арамиска Пештера | |
---|---|
Место | река Каменица, Македонија |
Должина | 251 м |
Наводи
уреди- ↑ Колчаковски, Д. (1993). Категоризација на позначајните пештери во Република Македонија. Екол. Зашт. Живот. Сред., Кн. 1, Бр. 1. Скопје