Аплакофорите (класа Aplacophora) се црвовидни бесчерупкести мекотели кои живеат во зоната помеѓу морскиот брег и работ на континенталниот праг. Класата на аплакофори содржи две поткласи: Neomeniomorpha (наречена и Solenogastres) и Chaetodermomorpha (наречена и Caudofoveata). Аплакофорите се закопуваат или ползат низ калта, или се замотуваат околу алционариските корали. Повеќето претставници се помали од 10 mm во должина.

Неколку одлики се својствени за сите аплакофори. Нервниот систем се состои од парни странични и стомачни нервни стебла, со многу странични комисури, букален прстен и церебрална и супраректална ганглија. Целомот е редуциран во целомски канали (целомодукти), просторен перикардиум (околусрцева празнина) и гонади кои се поврзуваат со перикардиумот. Постои мантијна празнина во која се излеваат течностите анусот и целомодукти. Присутни се и други типични мекотелни одлики, но не се својствени за сите фамилии, а тоа се радула (рендест орган за дробење на храната) и нејзината потпора; парни жабри во мантијната празнина; стапало за ползење кое секретира мукус; како и мастилаво ќесе.

Исхрана

уреди

Неомениоидите се хранат со жаркари - цврсти и меки корали, хидрозои, зооантарии или горгонии. Некои видови се исхрануваат само со специфични жаркари. Каудофовеатите ингестираат седимент или може да се селективни месојдади или чистачи. Најмногу се хранат со дупконосци.

Размножување

уреди

Аплакофорите се хермафродити и имаат парни гонади. Истражувањата покажале дека има присуство на семени рецептакули, што укажува на присуство на интросперма (сперма која не доаѓа во контакт со водата). Набљудувањата на живи примероци на Epimenia australis покажале дека оплодувањето е внатрешно.