Антибиотска отпорност
Антибиотска отпорност (антибиотска резистенција — појава кога микробите развиваат механизми кои ги штитат од дејството на антимикробните агенси.[1] Поимот антибиотска отпорност се однесува на појавата кога бактериите стануваат резистентни на дејството на антибиотиците.[1] Резистентните микроби е потешко да бидат третирани, потребни се поголеми дози на лекови, или е потребна примена на алтернативни лекови кои може да имаат поголема токсичност. Тие исто така може да бидат и поскапи. Микробите резистентни на повеќе антимикробни агенси се нарекуваат мулти-лек резистентни.
Механизми
уредиПостојат пет главни механизми по кои бактериите покажуваат отпорност кон антибиотиците:
- Онеспособување или модификација на лекот: на пример, ензимска деактивација на пеницилин Г кај некои пеницилин-резистентни бактерии преку создавање на β-лактамази. Најчесто протективните ензими создадени од бактериските клетки вршат адиција на ацетил или фосфатна група на специфично место на антибиотикот, што ја намалува неговата способност да се врзе за бактериските рибозоми и да ја наруши белковинската синтеза.[2]
- Промена на таргет- или врзувачкото место: на пример, промена на PBP—врзувачкото место на пеницилините кај MRSA и другите пеницилин-резистентни бактерии.
- Промена на метаболните патишта: на пример, некои сулфонамид-резистентни бактерии немаат потреба од пара-аминобензоева киселина (PABA), значаен претходник во синтезата на фолна киселина и нуклеински киселини која е инхибирана од страна на сулфонамидите, наместо тоа, како и кај клетките од цицачите тие ја користат фолната киселина.[3]
- Намалена акумулација на лек: преку намалување на пермеабилноста или зголемување на активниот ефлукс[4]
- Делење и рециклирање на рибозомот
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Antimicrobial resistance Fact sheet N°194“. who.int. April 2014. Архивирано од изворникот 10 March 2015. Посетено на 7 March 2015.
- ↑ [Criswell, Daniel. "The "Evolution" of Antibiotic Resistance." Institute for Creation Research. N.p., 2004. Web. 28 October 2014.]
- ↑ Henry RJ (December 1943). „The Mode of Action of Sulfonamides“. Bacteriological Reviews. 7 (4): 175–262. doi:10.1128/MMBR.7.4.175-262.1943. PMC 440870. PMID 16350088.
- ↑ Li XZ, Nikaido H (August 2009). „Efflux-mediated drug resistance in bacteria: an update“. Drugs. 69 (12): 1555–623. doi:10.2165/11317030-000000000-00000. PMC 2847397. PMID 19678712.