Ангелина Бранковиќ

Ангелина Бранковиќ (српски: Ангелина Бранковић, албански: Angjelina Arianiti,старословенски: Преподобная Ангели́на Сербская (Бра́нкович), королева;[1] ок. 1440–1520), родена Аријанити, била сопруга на српскиот деспот Стефан Бранковиќ (вл. 1458–1459), и ќерка на Ѓорѓ Аријанит. За нејзинот благочестив живот била прогласена за светица и како таква од Српската православна црква е почитувана како Преподобна мајка Ангелина (српски: Преподобна мати Ангелина[a]).

Преподобна мајка Ангелина
Фреска во Манастирот Крушедол на која е прикажана Ангелина
Света, Преподобна
Роден(а) 15ти век, Берат, Османлиска империја (денешна Албанија)
Починал(а) Почеток на 16ти век, Манастир Крушедол, Османлиска империја (денешна Србија)
Главно светилиште Манастир Крушедол, Србија
Слава

Таа била сестра на Андроника, жената на Скендербег.

Наводи

уреди
  1. „Преподобная Ангели́на Сербская (Бра́нкович), королева“. azbyka.ru (руски). Посетено на 2021-08-12.