Ана Бекута

ана бекута

Ана Бекута (родено име Нада Полиќ Прибојска Бања, 6 септември 1959) српска пејачка на народна, фолк и поп-фолк музика. На естрадата е повеќе од триесет години и зад себе има бројни хитови и награди.

ЖивотописУреди

Родена е како Нада Полиќ во Прибој каде што го завршила и гимназиското образование. Како девојче пеела во училишниот хор и во културно-уметничко друштво. Во 1974 година на музичкиот натпревар за „Прв глас на Прибој“ го освоила второто место. Првите музички ангажмани ги добива во 1980 година, почнувајќи да настапува по ресторани и хотели ширум тогашната Југославија. Уметничкото име Ана Бекута го зела во 1985 година по предлог на Предраг Вуковиќ Вукас, бидејќи тогаш имало повеќе пејачки кои пееле народна ммузика со име Нада, како (Нада Топчагиќ, Нада Мамула, Нада Кнежевиќ, Нада Обриќ). Во 1985 година го снима својот дебитански албум за ПГП-РТБ со име „Ти си мене варао“, во кој албум се наоѓа еден од нејзините најголеми хитови, "Не сум родена да живеам сама". До сега снимила 18 албуми.

Најголемите хитови во нејзината кариера се песните: Крал на полноќта, Златиборски зори, Не сум родена да живеам сама, Црвен конец, Бекрија, Имам еден живот, Бројаница, Таго моја црноока, Стани, стани, зоро, Сè сум стекнала сама, Олуја, Спомени, Треба време, Рано моја, Не жалам јас, Те засакав, и други.

Во 2011 година во Сава Центар го оддржала својот прв солистички концерт и оттогаш секоја година изведува концерти во арената во Белград. Во истата таа арена, во октомври 2015 година, во два наврати одржала концерти со кои ја одбележала дотогашната триесетгодишна музичка кариера.

Од 2012 година е во врска со некогашниот српски министер Милутин Мркоњиќ.[1] Од 2014 година е особено популарна и актуелна како член на стручното жири во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“.

АлбумиУреди

СингловиУреди

  • 2009 Љубав без адресе
  • 2010 Морава се није уморила
  • 2010 Закон љубави
  • 2014 Опасна
  • 2014 Гуча
  • 2015 Ништа не обеќавам
  • 2016 Твоја заувек
  • 2017 Балада о мајци

ФестивалиУреди

  • 1985 Хит парада - Ја нисам роѓена да живим сама
  • 1986 Хит парада - Ти ми требаш
  • 1988 Вогошча, Сарајево - Волим га, мајко волим
  • 1989 МЕСАМ - Рано моја - победничка песма
  • 1990 Вогошча, Сарајево - Моје чежње, моје наде
  • 1991 МЕСАМ - Туго моја црноока
  • 1991 Валандово, Македонија - Стариот џумбушлија
  • 1996 МЕСАМ - Умри мушки
  • 2006 Валандово, Македонија - Лудува месечина
  • 2006 Фестивал "Драгиша Недовиќ", Врњачка Бања - Добро јутро, лепи мој - победничка песна
  • 2006 Фестивал Бар - Празник
  • 2006 Беовизија - Конак
  • 2007 Фестивал "Драгиша Недовић", Врњачка Бања - Добро смо се нашле - дует со Мира Шкорич.
  • 2008 Гранд фестивал - Ничија

ДуетиУреди

  • 1990 Љубави моја - дует со Хасан Дудиќ
  • 1998 Немој ништа причати - дует со Драган Којич Кеба
  • 2001 Кумина песма - дует со Мира Шкориќ
  • 2003 Треба времена - дует со Драган Којиќ Кеба
  • 2004 Стани, сузо - дует со Маринко Роквиќ
  • 2007 Добро смо се нашле - дует со Мира Шкориќ
  • 2012 Црвено сунце - дует сo Шабан Шаулиќ
  • 2015 На извору Видрована - дует со Марко Роквиќ

НаводиУреди

  1. Dobrosavljević, S. „Нико ме никад није волео као Мрка („Вечерње новости", 3. јануар 2012)“. Novosti.rs. Посетено на 2 март 2018.