Анастасија Григорјева

Анастасија Григорјева (роден на 12 мај 1990) — латвиски борач во слободен стил, која освоила злато на европските првенства во 2010, 2013 и 2016. Таа исто така има освоено два бронзени медали на ниво на Светско првенство и освоила злато на Европските игри. Таа учествувала на две Олимписки игри (2012 и 2016 година).

Анастасија Григорјева
Лични податоци
Роден(а)12 мај 1990(1990-05-12)(33 г.)
Даугавпилс, Летонија
Висина1,70 м
Тежина62 кг
Спорт
Земја Латвија
Спортборење - слободен стил

Кариера уреди

Григориева е родена во Даугавилс, Латвија.[1]

Таа започнала да тренира борење од 2003 година. Првично тренирала во џудо пред да се префрли на борење во слободен стил неколку години подоцна. Студирала на Универзитетот во Даугавилс од 2012 година наваму.

Григориева имала спортски успех од мала: таа била сребрена на Европското првенство за кадети во 2007 година, победник на Европското првенство за јуниори во 2008 година и сребрена на Светското и Европското првенство за јуниори.

Таа победедила на ЕП 2010 (слободен стил на жени - 55 кг) и освоила сребро во 2012 година (слободен стил на жени - 59 кг).

Таа се квалификувала на Летните олимписки игри 2012 во Лондон.[2] На овие игри, таа излегла во четвртфиналето и го освои 9то место.[1] По Олимписките игри 2012 година, таа успешно се натпреварувала на турнири, извојувајќи 16 последователни победи, трета најдолга серија победи помеѓу елитните борачи на ФИЛА.

Во 2013 година таа ја освоила титулата европски шампион по втор пат, овој пат во категоријата од 63 кг и била прогласена за спортистка на годината во Летонија. До март 2014 година била рангирана број 1 во светот, а во април го освоила третиот златен медал на Европското првенство. Таа година Григорева освоила бронзен медал на Светското првенство. Во 2014 година повторно била избрана за спортистка на годината во Летонија.

Во јуни 2015 година, таа учествувала на инаугуративните Европски игри, за Летонија во борење во слободен стил во категроија од 63 кг. Добила бронзен медал.

Таа се пласирала на Летните олимписки игри 2016 година, но повторно била нокаутирана во четвртфиналето. Овој пат таа влезе во одбрана на бронзениот медал, но загуби од евентуалната носителка на бронзениот медал Моника Михалик.[1]

Во 2020 година го освоила сребрениот медал во женска конкуренција во категорија од 62 кг настан на Светското првенство во индивидуално борење во 2020 година што се одржало во Белград, Србија.[3][4] Во март 2021 година, таа се квалификувала на Европскиот квалификациски турнир за да се натпреварува на Летните олимписки игри во 2021 година во Токио, Јапонија.[5][6]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 „Anastasija Grigorjeva Bio, Stats, and Results“. Olympics at Sports-Reference.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2020-04-18. Посетено на 2019-11-09. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „:0“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  2. „Grigorjeva izcīna ceļazīmi uz Londonas olimpiskajām spēlēm“ (Latvian). Sportacentrs.com. May 6, 2012. Посетено на May 6, 2012.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  3. Iveson, Ali (16 December 2020). „All-conquering Tynybekova wins 62kg gold at UWW Individual World Cup“. InsideTheGames.biz. Архивирано од изворникот на 16 December 2020. Посетено на 17 December 2020.
  4. „2020 Individual Wrestling World Cup Results Book“ (PDF). United World Wrestling. Архивирано од изворникот (PDF) на 18 December 2020. Посетено на 18 December 2020.
  5. Shefferd, Neil (19 March 2021). „Twelve more wrestlers secure Tokyo 2020 places as women's action takes centre stage at European Olympic qualifier“. InsideTheGames.biz. Посетено на 20 March 2021.
  6. „2021 European Wrestling Olympic Qualification Tournament Results Book“ (PDF). United World Wrestling. Архивирано од изворникот (PDF) на 24 March 2021. Посетено на 24 March 2021.