Аналогија (биологија)
Аналогиите се анатомски или генски одлики кои ја имаат истата форма или функција кај различни видови кои немаат заеднички предок. На пример, крилата на птицата и пеперутката се аналогни структури бидејќи тие се слични по форма и функција. И двата многу различни видови го решиле проблемот на полетувањето од земјата на приближно ист начин. Но, нивните крила се доста различни по својата внатрешност. Птиците имаат внатрешна мрежа од коски, додека пеперуткините крила немаат коски и ја одржуваат својата форма главно поради флуидниот притисок. Аналогиите може да се резултат или на хомологии или на хомоплазии, но заедничкиот предок (доколку постои) е непознат.
Оваа статија поврзани со еволуцијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |