Америго Веспучи (мост)
Понте Америго Веспучи е мост над реката Арно во Фиренца, Италија и бил именуван по истражувачот Америго Веспучи кој бил роден во Фиренца. Ги спојува Лунгарно Америго Веспучи со Лунгарно Содерини. На исток се наоѓа Понте а ла Карајa.
Овој мост, како и повеќето други мостови над реката Арно е реконструкција. Биле направени планови во 1908 година за да се премости овој дел од реката Арно за услужување на квартиер ди Сан Фредиано, но плановите никогаш не се реализираале. Во 1949 година, мостот Понте ди виа Мелењано бил изграден од рециклирани остатоци од други мостови кои што биле уништени од нацистичката армија додека се повлекувале пред напредувањето на сојузничките сили за време на Втората светска војна.
Помеѓу 1952 и 1954 година бил одржан натпревар за изградба на нов мост, а бил избран планот на архитектите Џорџ Џузепе Гори, Енцо Гори и Ернесто Нели и на инженерот Рикардо Моранди. Планот предвидуваше три распони во тенок, рамен лак над два столба што го поддржуваат коловозот. Конечниот ефект дава впечаток на единечен, малку заоблен распон. Изградбата на мостот била завршена во 1957 година.
Мостот бил дизајниран да ги одразува блиските историски структури, но и да биде очигледно модерна структура.