Амам на Сејид Ибрахим Челеби (Струмица)

Амамот на Сејид Ибрахим Челеби — поранешен амам кој се наоѓал во градот Струмица.

Сејид Ибрахим Челеби
Карта
Општи податоци
Видамам
Стилосманлиска архитектура
Адресаулица Ѓуро Ѓаковик бр. 25
ГрадСтрумица
ЗемјаМакедонија
Почната16 век
НарачателСејид Ибрахим Челеби

Амамот се наоѓа на денешната улица Ѓуро Ѓаковик бр. 25 во приватен двор, источно од Орта џамија. Амамот бил завештание на богатиот турчин Сејид Ибрахим Челеби чија професија не е позната. Овој турчин освен амам изградил и чешми и довел вода од реката Тркања за функционирање на амамите.

Амамот е многу оштетен и не е археолошки истражен. Од архитектурата се гледа само една просторија без куполното засведување која некогаш ја имала. Поради заробеноста во земја, не постојат податоци за големината на амамот но од оштетените ѕидови кои се гледат сега на северната западната страна со височина од околу 180 см дебелина 90 см не можат да се дадат податоци за карактерот на амамот, односно дали бил јавен или приватен. Ѕидањето на ѕидовите е изведено со камен вар и печена тула, а димензиите на просторијата која се оформува поради натрупаноста со земја останува непозната.

Според застапените градежно конструктивните елементи врз кои се присутни големи оштетувања видлива е примената на прекршени лакови типични за исламски објекти поизразито зачувани на северниот и западниот ѕид. За времето до кога амамот бил во функција и од кои причини се настанати оштетувањата не се сочувани податоци. Според, Александар Стојановски времето на неговото градење би можело да се смести во 16 век[1].

Наводи

уреди
  1. ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА И МУЗЕЈ – СТРУМИЦА (2014). ЗБОРНИК НА ТРУДОВИ ВО СПОМЕН НА ЕМИЛИЈА ПЕТКОВСКА.