Амазонска прашума

Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

Прашумата била формирана за време на еоценската ера како резултат на глобалното опаѓање на тропските температури кога Атлантскиот Океан се прошири доволно за да обезбеди топла и влажна клима во Амазонскиот басен. Тропската шума постои најмалку 55 милиони години. Претходно, биотопот на регионот бил тип на савана. По завршувањето на креда-терцијарот, пред 65 милиони години, исчезнувањето на диносаурусите и повлажната клима овозможиле тропската шума да се развие низ целиот континент. За време на олигоценот, шумата се протегала на релативно тесен појас, главно сместен над напоредникот 15 ° северно. Таа постепено се проширувала за време на средниот миоцен, пред повторно да се намали за време на последното ледено доба. Сепак во текот на целиот тој долг период, се развил и преживеал голем диверзитет на видови. Постојат докази дека имало значителни промени во растителноста на дождовната шума во Амазон во текот на последните 21.000 години во тек на последното ледено доба и последователното размрзнување. Анализите на седиментарните депозити покажуваат дека врнежите во басенот за време на леденото доба биле пониски отколку во сегашноста, а тоа речиси сигурно се поврзувало со намалената влажна тропска вегетациска покривка во басенот. Меѓутоа, постои дебата околу тоа колку широко било ова намалување. Некои научници тврдат дека дождовната шума била сведена на мала, изолирана рефугија одделена од отворена шума и тревни површини други научници тврдат дека прашумата останала во голема мера недопрена, но не се ширела многу кон север, југ и исток како што се гледа денес.