Дубхе
Дубхе (Алфа УМа, α Голема Мечка, α UMa) е третата најсветла ѕвезда во соѕвездието Голема Мечка. Исто така таа е дел од астеризмот на Големата Мечка и една од ѕвездите користени за да се најде Поларис (Северница). Дубхе од Земјата е оддалечена околу 123 светлосни години и припаѓа во групата на џиновските ѕвезди кои на дијаграмот HR, се откачиле од главната низа и го користеле целиот расположлив водород за нуклеарни реакции во нивната внатрешност.
Дубхе спектроскопски е двојна ѕвезда. Ѕвездата што е оддалечена 23 AU од Дубхе припаѓа на ѕвездите од главната низа и со Дубхе орбитира околу заедничкиот центар на маса на секои 44,4 години.
Име
уредиДубхе е традиционалното име на оваа ѕвезда и доаѓа од арапскиот збор ظهر الدب الاكبر, што во превод значи мечка. Понекогаш како име на ѕвездата се зема и Ак, што значи око.
Карактеристики
уредиDubhe се наоѓа во соѕвездието Голема Мечка и неговите точни координати се: 11 h 03 m 43,67152 s по десно искачување и +61° 45′ 03,7249″ по деклинација. Припаѓа на постарите ѕвезди на спектралната класа К со температура од 4.660 К на површината. Визуелната магнитуда изнесува 1,79, а апсолутната –1,10 ± 0,04.
Наводи
уреди- Dubhe-SIMBAD база на податоци
- Имиња на ѕвезди и нивните значења
- Dubhe-Alpha Ursae Majoris на stars.astro.illinois.edu