Алпски синчец
Алпски синчец (науч. Scilla bifolia) — повеќегодишно растение кое се развива од луковица, а припаѓа родот Scilla, на фамилијата Asparagaceae.[1]
Алпски синчец | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Scilla |
Вид: | Алпски синчец |
Научен назив | |
Scilla bifolia L. |
Scilla bifolia | |
---|---|
Scientific classification | |
Kingdom: | Plantae |
Clade: | Tracheophytes |
Clade: | Angiosperms |
Clade: | Monocots |
Order: | Asparagales |
Family: | Asparagaceae |
Subfamily: | Scilloideae |
Genus: | Scilla |
Species: | S. bifolia
|
Binomial name | |
Scilla bifolia |
Специфичниот епитет бифолија значи „дволистен“.[2]
Опис
уредиАлпскиот синчец расте од луковица со големина од 1-2 центиметри.[1] Постојат две или поретко три ланцентни закривени, месести и сјајни ливчиња, основите на листовите се наоѓаат околу половина од стеблото (амплексикаул).
Цветните стебла се исправени и неразгранети високи 10-20 центиметри.[1] На врвот од растението има 6-10 цветови, со по 1 центиметар , а секој цвет е составен од 6 ланцентни венечни ливчиња со виолетово сина боја .
Цветовите на алпскиот синчец се свртени нагоре, за разлика од цветовите на сибирскиот синчец (Scilla siberica). Тие цветаат од рана до доцна пролет. Шесте тепали се темновиолетово-сини, поретко бели, розови или виолетови.[1] Плодот е чаура од 6-8 милиметри.
Алпскиот синчец ја добил Наградата за заслуги на градината на Кралското хортикултурно друштво.[3][4]
Алпскиот синчец е повеќегодишно растение кое се развива од луковица, а припаѓа на фамилијата Asparagaceae. Има две или поретко три ланцентни, закривени и сјајни ливчиња. На врвот од растението се наоѓаат од 6 до 10 цветови, а секој цвет е составен од 6 ланцентни венечни ливчиња со виолетово сина боја.[5]
Распространетост
уредиРаспространета е во Европа, западна Русија, Турција и Сирија, а во Националниот парк Галичица се среќава на отворени ливади експонирани на сонце и покрај патишта.[5] Растението се наоѓа на засенчени места, букови шуми или листопадни дрвја и планински пасишта.[1] Расте на надморска височина од 100-2000 метри.
Таксономија
уредиПодвидови
уреди- Scilla bifolia subsp. bifolia
- Scilla bifolia subsp. buekkensis (Speta) Soó
- Scilla bifolia subsp. rara Trávníček
- Scilla bifolia subsp. spetana (Kereszty) Trávníček
- Култури
Одгледуваната сорта „Роуза“ има бледо розови или бели цветови.
Синоними
уредиСинонимите на Scilla bifolia вклучуваат:
|
|
Галерија
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Pignatti S. - Flora d'Italia - Edagricole – 1982 Vol. III, pg. 365
- ↑ Harrison, Lorraine (2012). RHS Latin for gardeners. United Kingdom: Mitchell Beazley. стр. 224. ISBN 9781845337315.
- ↑ „RHS Plant Selector - Scilla bifolia“. Посетено на 5 March 2021.
- ↑ „AGM Plants - Ornamental“ (PDF). Royal Horticultural Society. July 2017. стр. 9. Посетено на 6 November 2018.
- ↑ 5,0 5,1 НП Галичица
- TG Tutin, VH Heywood et alii, Flora Europaea, Press University of Cambridge, 1976
Надворешни врски
уреди- Алпски синчец на Викивидовите ?