Алопатричка видообразба
Алопатричка видообразба, алопатричка специјација или географска видообразба — видообразба (специјација) каде глсвна улога играат географските изолациони чинители како што се реките, морињата, езерата, високите планини, пустините и сл.
Алопатричките видови од една популација настануваат кога меѓу одделни делови на популацијата се создаваат различни географски пречки.
Пример за ваква алопатричка видообразба е со островите на Јадранското Море, кои настанале со покачувањето на нивото на водата. При тоа, на нив останале изолирани делови од популациите на голем број животни и растенија. Меѓу нив се и неколку видови гуштери кои дивергентно еволуирале во подвидови, кај кои постапно настанувала и репродуктивна изолација на одделни острови. Слично е и со примерот на дождовниците кои се развиле по повеќе видови поради други географски пречки.