Александар Петров (шахист)

Александар Дмитриевич Петров (12 февруари 1794 г. – 22 април 1867 г.) бил руски шахист, композитор и писател, кој пишувал на шаховски теми.

Александар Петров

Петров е роден во Бисерово, близу Псков, во благородно семејство и се смета како првиот голем руски мајстор во шах. Од 1804 година живеел во Санкт Петербург. Во 1809 година победил против Копев и Баранов, водечките шахисти во Петербург и станал најдобриот руски шахист на 15-годишна возраст. За повеќе од половина век Петров се сметал за најсилниот играч во Русија.[1]

Тој е автор на првиот прирачник за шах на руски јазик („Шахматная игра“, во Санкт Петербург 1824 г.). Тој исто со помошта на Карл Фридрих фон Јаниш го анализирал отворањето што подоцна станало познато како Петровска одбрана или Руска игра (C42).

Од 1840 година живеел во Варшава (тогаш во Руската Империја), каде што успешно играл против врвните мајстори на шах во Варшава: Александар Хофман, Пјотровски, Симански, Сијејелунски, Хиероним Царновски, Симон Винавер и др.[2]

Петров победил во натпреварите против Д.А. Баранов (4–2) во 1809 година, Карл Јаниш (2–1) во Санкт Петербург 1844 г.; Принцот Сергеј Семенович Урусов (3–1) во Санкт Петербург 1853 г. и (13,5–7,5) во Варшава 1859 г.; и Иљја Шумов (4–2) во Санкт Петербург 1862 г.[3]

За време на Јануарското востание (1863–1864), тој ја напуштил Варшава за Виена и Париз. Меѓу други, тој одиграл натпревар против Пол Журну во Париз 1863 година.[4]

Петров починал во Варшава во 1867 година и бил погребан на Православните гробишта во Варшава .

Неговиот најпознат шаховски проблем е „Повлекувањето на Наполеон I од Москва“ (Санкт Петербург 1824 г.).

Александар Петров (1824 г.)
"Повлекувањето на Наполеон I од Москва"
abcdefgh
8
c8 црн крал
d8 црн коњ
c7 црн пешак
g7 црн пешак
a6 бел коњ
e6 црн пешак
f6 црн топ
g6 бел ловец
a5 црн коњ
b5 бел коњ
c5 бел пешак
a4 црн пешак
c4 црн пешак
d4 бел пешак
f4 црн топ
g4 црн пешак
e3 црн ловец
b2 црн пешак
c2 бел пешак
f2 црн пешак
h2 бел крал
h1 бел дама
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Неколку потега пред мат.

Забележителни игри

уреди

Наводи

уреди
  1. A. D. Petrov, by Isaak Linder, Moscow, 1955.
  2. Litmanowicz, Władysław & Giżycki, Jerzy (1986, 1987). Szachy od A do Z. Wydawnictwo Sport i Turystyka Warszawa. ISBN 83-217-2481-7 (1. A-M), ISBN 83-217-2745-X (2. N-Z).
  3. http://www.edochess.ca/players/p104.html Edo Historical Chess Ratings
  4. Paul Journoud player page at Chessgames.com

Надворешни врски

уреди