Аквадукт Минден
Аквадуктот Минден (германски: Wasserstraßenkreuz Minden) — аквадукт близу Минден, Северна Рајна-Вестфалија, Германија. Всушност се состои од два паралелни водени моста, кои го преместуват Средногерманскиот Канал над Везер. Постариот од двата моста повеќе не се користи за сообраќај. По Водениот мост Магдебург е најголемиот воден мост во Европа.
Аквадуктот е дел од раскрсницата на водени патишта: Средногерманскиот Канал е поврзан со Везер со два раздвоени канали.
Каналски мостови
уредиСтар мост
уредиПрвиот каналски мост врз реката Везер бил изграден во 1914. Тој е 370 метри долг и е изграден од бетон. На крајот на Втората светска војна бил уништен од германската армија во 1945. Во 1949, реновираниот мост повторно бил ставен во употреба.
Нов мост
уредиНиз годините, бродовите кои се користеле станале поголеми, а каналот веќе не можел да ги прифаќа. Од 1993 започнале работите на новиот мост. Бил изграден од челик и отворен во 1998.
Канал за врска Север
уредиКаналот за врска Север на аквадуктот Минден е во западниот дел на каналскиот мост и претставува најкратка врска помеѓу Средногерманскиот Канал и Везер. Долг е 1,2 километри.
Канал за врска Југ
уредиНадвор од Schachtschleuse на левиот брег е каналот за врска Југ на десниот брег на Везер со две брани, претставувајќи врска помеѓу Средногерманскиот Канал и Везер. Помеѓу двете брани е индустриското пристаниште Минден.
Мадворешни врски
уреди„Аквадукт Минден“ на Ризницата ? |