Ајлингинае
(Пренасочено од Аилингинае)
Ајлингинае или Аилингинае (маршалски: Aelōn̄in-ae[1]) е корален атол во Тихиот Океан составен од 25 мали островчиња. Атолот е дел од Раличките Острови во Маршалските Острови. Атолот има вкупна површина 2.8 км2, а лагуната има 105.96 км2. Ајлингинае се наоѓа околу 13 км западно од Ронгелап и атолот има 3 метри надморска височина.
Сателитска снимка на атолот. | |
Географија | |
---|---|
Место | Тихи Океан |
Координати | 11°10′N 166°20′E / 11.167° СГШ; 166.333° ИГД |
Архипелаг | Ралички Острови |
Вкупно острови | 25 |
Површина | 2,8 км2 |
Држава | |
Демографија | |
Население | 0 |
Историја
уредиВо 1884 година Германија имала контрола врз атолот. По Првата светска војна атолот бил под јапонска контрола, а по Втората светска војна под американска. По независноста на Маршалските Острови во 1986 година, атолот станал дел од новата држава. До 1954 година на атолот имало неколку жители, но тие биле евакуирани поради јадрените тестирања на Бикини.
Наводи
уредиПоврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Ајлингинае на Oceandots Архивирано на 23 декември 2010 г.
- Маршалски Острови
- Карта од 1893
- Географија на Маршалските ОстровиАрхивирано на 15 ноември 2013 г.