Азербејџански национален музеј за уметност

Азербејџански национален музеј за уметност (азерски: Azərbaycan Milli İncəsənət Muzeyi) — најголем ликовен музеј во Азербејџан.[1] Основан е во 1936 година во Баку и во 1943 година бил именуван според Рустам Мустафајев,[1] истакнат азербејџански сценарист и театарски уметник. Музејот се состои од две згради една до друга. Музејската колекција вклучува 15.000 уметнички дела. Изложени се како постојана постановка повеќе од 3.000 експонати во 60 соби. Околу 12.000 експонати се чуваат складирани. Музејот ги менува изложбите периодично, на начин што е можно поголем број на експонати да бидат изложени.[2] Моментално, музејот е со местоположба во две згради кои се изградени во XIX век.

Азербејџански национален музеј за уметност
Azərbaycan Milli İncəsənət Muzeyi
Дебурската палата - првата зграда на Азербејџанскиот национален музеј за уметност
Карта
Основан1936
МестоУлица Нијази 9/11,
Баку, Азербејџан
ТипЛиковен музеј
Фонд15.000 експонати: 3.000 изложени (12.000 складирани)
Јавен превозM 1 метро станицата Ихери Шерер
Мреж. местоNationalmuseum.az

Историја

уреди

Изложби

уреди

Архитектура

уреди

Збирка на стара и средновековна уметност во Азербејџан

уреди

Во оваа колекција се вклучени дела од стариот и среден век, вклучувајќи и фигури на птиците од Мана, женски фигури од III-I век п.н.е., различни садови од различни наоѓалишта во Азербејџан ископани за време на истражувањата, надгробна плоча во облик на кољ итн..

Збирка теписи

уреди

Музејска изложба на стари теписи од Ганџа, Карабах, Казак, Куба итн..

Работно време

Музејот работи од 10 наутро до 18.00 часот.[3] Во понеделник музејот не работи.

Адреса

Музејот е со адреса на улица Нијази бр. 11-13, Баку 1001 (во близина на метростаницата Ихери Шерер).[4]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Azerbaijan Soviet Encyclopedia. State Publishing House of the Council of Ministers of Azerbaijan SSR. 1976. стр. 1st vol, p. 144.
  2. „Breathing Life Back Into Art: The National Art Museum“. Azer.com. Посетено на 2008-04-06.
  3. „For the visitors“. nationalmuseum.az. Архивирано од изворникот на 2016-05-13. Посетено на 22 May 2017. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help)
  4. „Contact“. nationalmuseum.az (азербејџански). Архивирано од изворникот на 2018-03-22. Посетено на 22 May 2017.

Надворешни врски

уреди

40°21′47″N 49°49′54″E / 40.36306° СГШ; 49.83167° ИГД / 40.36306; 49.83167 Предлошка:Baku landmarks