Азбуковица
Азбуковица е планинска област во западна Србија, на границата со Босна и Херцеговина. Реката Дрина ја дели Азбуковица од општините Сребреница и Братунац. Граници: на северозапад - општина Мали Зворник, на север - општина Крупањ, на североисток - општина Осечина, на исток - општина Ваљево и на југ - општина Бајина Башта. Највисокиот врв е Торничка Бобија висок 1272 метри на планината Бобија. Неколку поројни реки, кои се влеваат во Дрина, ја сечат Азбуковица. Најпознати реки се Трешњица и Љубовиѓа.[1] Во доцниот османлиски период, регионот административно бил дел од Соколската нахија.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Prolaznici kroz Azbukovicu, Glas javnosti“. Архивирано од изворникот на 2014-04-21. Посетено на 2022-02-12.
- ↑ „Manastir Soko“.