Аеродром Тетово
Аеродром Тетово — поранешен воен аеродром на ЈНА, најсовремен на целиот Балкански Полуостров во тоа време. Се наоѓал на 8 км јужно од Тетово, покрај автопатот Тетово-Гостивар од левата страна во атарот на село Жеровјане. Подоцна бил напуштен, па се користел како спортски. Со текот на времето целосно руинирал, и денес скоро и да нема остатоци од него. Бил изграден во 1948 година.[1]
Аеродром Тетово Tetovo Airport | |||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Општо | |||||||||||
Тип | Воен / спортски | ||||||||||
Сопственик/Оператор | ЈНА | ||||||||||
Опслужуван град | Тетово, Македонија | ||||||||||
Местоположба | Жеровјане | ||||||||||
Надморска височина | 1.510 ft / 460 m | ||||||||||
Координати | 41°55′38.0″N 020°56′59.8″E / 41.927222° СГШ; 20.949944° ИГД | ||||||||||
Писти | |||||||||||
|
Особености
уредиАеродромот бил завршен во пролетта во 1948 година на барање на Советите и се сметал за најсовремен воен аеродром на Балканот. Имал бетонска писта, која била долга 2.500 метри и широка 150 метри, а се наоѓал на „8 км јужно од Тетово на левата страна од патот кон Гостивар“, односно во атарот на тетовското село Жеровјане. Се протегал сè до клучката од селото Горно Седларце.
Градбата била изведена на барање на советските власти и под надзор на советски експерти. Околу 230 нови типови на борбени авиони и средни бомбардери од советско производство кон крајот на 40тите годни на XX век биле распоредени на аеродромот. Според еден извештај на ЦИА, од декември 1948 година, во една голема анализа на воздухопловните сили на Југославија било наведено дека тетовскиот аеродром бил втор по големина (по тој во Скопје) доделен на 3тиот воздухопловен регимент. Според кој било наведено дека советите имале намера тој да биде најсовремен аеродром на целиот Балкански Полуостров, кој морал да биде користен од советските воздухопловни сили. Имал современа опрема за комплетни операции за еден најсовремен аеродром: опрема неопходна за ноќно летање па дури и школа за ноќно летање. Тука биле сместени 250 авиони: 10 ескадрили на борбени авиони и 80 ескадрили на бомбардери вклучувајќи модели „јак“, „стормовик“, „петлјаков“, „мартин“. Овој аеродром се сметал за централна база во случај на итна потреба на вклучување на овие авиони во одбрана на јужна Србија и нивни напади на Грција и Турција. Ова била главна база на сите авиони од СССР каде товареле нафта и бомби, и на враќање, извршувале нови напади врз нивни цели.
После судирот со СССР и Информбирото и повлекувањето на советските војници од тогашна Југославија, аеродромот постепено го изгубил својот воен карактер и повеќе не се споменувал во разузнавачките документи. При крајот на педесеттите и почетокот на шеесеттите години од XX век се користел иаклучиво како спортски аеродром на Аеро-клубот од Тетово. Тогаш веќе бетонската писта била распадната и заменета со трева. Аеродромот исто така многу се користел и за тренинг на падобранци кои полетувале со авиони од моделот ПО 2. Овие авиони доаѓале од Скопје. Во тоа време хангарите и зградите постоеле, но биле во фаза на распаѓење. Но како минувале годините, дел по дел од пистата се одземал и се претворал во ниви. Денес комплетно пистата е заменета со ниви. Денес ова место, месните жители сè уште го нарекуваат „аеродром“.[2]
Наводи
уреди- ↑ „The Tetovo and Vrbasko Airports - документ на ЦИА издаден на 19 јули 1948 година“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-01-23. Посетено на 2017-02-11.
- ↑ ШПИОНИТЕ НА ЦИА НЕМАЛЕ ИНТЕРЕС ЗА ТЕТОВСКИТЕ АЛБАНЦИ[мртва врска]