Адренергичен рецептор
Адренергичните рецептори или адренорецептори се цел на катехоламините како норадреналин (норепинефрин) и епинефрин (адреналин), но и на голем број лекови како бета блокатори, β2 агонисти и α2 агонисти, кои се користат во третманот на висок крвен притисок и астма. Иако допаминот е катехоламин, тој се поврзува за други рецептори.
Постојат две главни групи на адренорецептори, α и β, со вкупно 9 поттипови.