Во електротехниката, адмитанса е мера колку лесно колото или уредот го овозможува текот на струјата. Таа е дефинирана како реципрочна вредност на импедансата. Единица за адмитанса во Меѓународниот систем на единици е сименс, чиј симбол е S. Оливер Хевисајд (Oliver Heaviside) го вовел терминот адмитанса во декември 1887 година.[1]

Адмитансата е дефинирана како

каде

Y е адмитанса, мерена во сименси
Z е импеданса, изразена во омови

Покрај сименсот, како единица за адмитансата се користи и единицата мо и симболот ℧(превртена Ω).

Отпорноста е мера на спротивставувањто на колото или уредот струјата низ него да биде стабилна, додека импедансата во обѕир ги зема не само отпорноста, туку и динамичките ефекти (познати како реактанса). Соодветно, адмитансата не е само мера со која струјата може стабилно да тече, туку и динамичките ефекти на сусцептансата на материјалот која води до поларизација.

каде

Претворање на импедансата во адмитанса

уреди

Импедансата Z е составена од реален и имагинарен дел:

 

каде

 

Бидејќи импедансата е комплексна величина, следствено и адмитансата е комплексна величина. Таа, исто така може да се претстави преку својот модул и аргумент како:

 

каде G (спроводливост) и B (сусцептанса) се дадени:

 

Големината и фазата на адмитансата се дадени:

 

каде

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Ushida, Jun; Tokushima, Masatoshi; Shirane, Masayuki; Gomyo, Akiko; Yamada, Hirohito (2003). „Immittance matching for multidimensional open-system photonic crystals“. Physical Review B. 68 (15). arXiv:cond-mat/0306260. Bibcode:2003PhRvB..68o5115U. doi:10.1103/PhysRevB.68.155115.