Аденоидни вегетации – тегоби

Аденоидни вегетации – тегоби
Податотека:1a547992d62c6ce85d8fe88ff6cdb2a1.jpg
Аденоидни вегетации – тегоби
Научна класификација
Вид: Хирушко заболување

Аденоидите и крајниците се лимфни јазли кои дејствуваат како филтри против бактерии. Тие се розови ситни израстоци во задниот дел на носот над крајниците. Кога аденоидите се инфицираат можат да отечат и да го отежнат дишењето.

Причинители

уреди

Основната причина за хронични тегоби со аденоидите има структурална природа: аденоидите растат толку големи што ги затнуваат патиштата во носот. Инфекција или раздразнетост предизвикана од алергии може да предизвика проблеми-отекување на аденоидите.

Лекување

уреди

Тегобите со аденоиди тешко се дијагностицираат бидејќи симптомите можат да укажат на цела група болести и дури и по преглед е тешко да се каже дали причината се зголемените аденоиди.

Конвенционална медицина

уреди

Педијатарот ја пишува историјата на болеста, проблемите и го упатува пациентот кај специјалист оториноларинголог или кај алерголог да ја процени ситуацијата. Се прават алерголошки испитувања а можно е и снимање за утврдување на големината и обликот на аденоидите. Ако причината се алергии, се даваат алергиски инјекции, а ако не, најчесто се применува хируршки зафат за отстранување. Операцијата најчесто е кај потешки случаи при апнеја но може да има и потешки последици-хроничен притисок на срцето и крвните садови и откажување на срцето.

Податотека:Poliklinika Sinteza operacija krajnika adenoids.JPG
Аденоиди

Алтернативно лекување

уреди
  • со лековити билки

За ехенацејата се верува дека помага во отстранувањето на инфекцијата и со мека коленка се намалува отокот но треба да има советување со медицинар кој добро се разбира од билки;

Хомеопатија

уреди

Бидејќи тегобите при аденоидните вегетации предизвикуваат други тегоби, треба советување со лекар хомеопат заради лековите кои треба да се дадат на пациентот. Хомеопатот го следи напредокот на пациентот и во случај да нема подобрување, ја сменува терапијата;

Остеопатија

уреди

При ова се користи третман на вратот кој го дренира лимфниот систем;

Лекување дома

уреди

Претходните лекови можат да ги ублажат некои од симптомите но не и тегобата.

  • за деца со алергии, намалувањето или отстранувањето на надразнувачките материи од околината ја олеснува состојбата и тие се чувствуваат попријатно, а и електростатичкиот филтер за воздух би помогнал, со тоа што би го намалил количеството на прав или мувла во куќата;
  • навлажнувачот може да му помогне на дете кое страда од конгестија со тоа што спречува усната слуз да стане премногу густа. За ова би помогнало навлажнувач со регулатор на влажност и би се обезбедило вистинското количество на воздух.
  • деконгестив добиен без лекарски рецепт може привремено да ја ублажи затнатоста.
  • пилешката супа исто така може да ги отвори затнатите патишта во носот.