Баобаб
Баобаб | |
---|---|
Adansonia digitata во Танзанија | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Оддел: | Семени растенија |
Класа: | Дикотиледони |
Ред: | Слезовидни |
Семејство: | Слезови |
Род: | Adansonia |
Баобаб (Baobab; науч. Adansonia) - род растенија од семејството слезови со карактеристични широки и високи дрва. Расте до 30 м во висина и 8 м во ширина. Името потекнува од арапскиот јазик, во кој растението се вика bu bibab, што значи овошно дрво со многу семиња. Потекнува од Мадагаскар каде е и национален симбол. Баобабот е раширен по саваните во Африка и Австралија.[1] Уште се нарекува и мајмунско лебно стебло. Внатре во стеблото често се собира вода па баобабот често се користи и како резервоар за вода во сушните подрачја. Во Африка листовите и јадрото од плодови се користат за јадење.
Според застарената класификација, овој род припаѓал на семејството сималовки или Bombacaceae, денес потсемејство на Bombacoideae Burnett.
Видови
уреди- Adansonia digitata L.
- Adansonia grandidieri Baill.
- Adansonia gregorii F.Muell.
- Adansonia madagascariensis Baill.
- Adansonia perrieri Capuron
- Adansonia rubrostipa Jum. & H.Perrier
- Adansonia suarezensis H.Perrier
- Adansonia za Baill.
Куриозитет
уредиВо еритрејскиот град Керен се наоѓа капела на Богородица уредена во стебло од баобаб.
Баобабот како тема во уметноста
уредиНаводи
уреди- ↑ Tropicos.org. Missouri Botanical Garden. 8 Jul 2020 http://www.tropicos.org Архивирано на 23 април 2011 г.
- ↑ Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 109-110.
Оваа статија од областа на ботаниката е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |