Агреман
Агреман (фр. agrément) е согласност на Шефот на државата или на министерот за надворешни работи да прифати акредитиран официјален дипломатски претставник од другата држава во својата држава. По правило се бара само за шефот на мисијата (амбасадорот). Изборот на шефот и членовите на мисијата врши државата која праќа претставници, но за да презимање функцијата во држава за која е назначен потребна е согласност од државата на прием односно Агреман, како вид договор. За шефот на дипломатската мисија (амбасадорот или вршител на работите) по правило се бара пред Агреманот објавувањето во јавноста на името и биографијата на кандидатот (по дипломатски пат). За другите лица во дипломатската мисија, по правило се прака целата листа на претставници до дрига страна и чека се одоговор дали истата се прифаќа или не, односно дали одредени лица на оваа листа (не) се прифатливи за државата домаќин (државата-приемник).
Државата домаќин (која го прима дипломатскиот претставник (посебно ѕа шефот на мисијата)) не е обврзана со определен рок во кој треба да се изјасни за барањето за издавање на Агреманот, но вообичаено е таа изјава да следи најдоцна во рок од два или три месеци. Доколку Агреманот не биде даден во определениот или разумен рок, се смета дека истиот е премолчено одбиен. Државата домаќин (која прима дипломатот односно шефот на дипломатската мисија) не е должна да ги објасни причините за одбивањето на Агреманот.
Агреманот кои дава државата (при приемот) е во форма на дипломатска нота (односно размена на дипломатските писма или ноти), при што шефот на државата го добива указот за потпишувањето (назначување на шефот на мисијата, како дел од постапката) со која се дава ваквата согласност за вршење дипломатската должност. По приемот на Агреманот, шефот на мисијата станува "persona grata", а во случај на негативен одговор тоа значи дека лицето се смета за "persona non grata" односно дека нема дозвола да ја врши дипломатската работа (мисија) во оваа држава.
Кога се работи за воените дипломатски претставници (воени аташеа или воени советници те. воено-дипломатските лица) за овие се бара, речиси по правило, посебна согласност која се нарекува "Consantman " (фр. "прифаќање" или "согласност") кои мора да се довие од надлежните државни тела како посебна согласност (од страна на државата која го прима, те. од министерот за надворешни работи (и Министерството за одбрана или соодветна владина установа)), пред истиот да започне својата воено-дипломатска мисија.
Во споредба со шефот на дипломатската мисија, шефот на козулатот (Козул или Генералниот кунзул) треба да добие "Патентно писмо", како вид државна соглaсност за вршење кунзуларната функција во државата димаќин. Во "патентно писмо" се дава согласност за вкавото лице и потврдува неговиот службен статус и, по правило (слично како и во Агреманот) се наведуваат името и презимето на конзулот, потоа неговата категорија и конзуларна класа, конзуларната област, како и седиштето на конзулатот во државата домаќин.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |