Агора е филм од 2009 година, во шпанска продукција. Ова е историски драма филм во режија на Алехандро Аменабар. Филмот зборува за Хипатија, жена математичар, филозоф и астроном од 4 век во Египет, како и за палењето на стари книги од Александриската библиотека и судирите на христијаните со власта. Во главната улога е Рејчел Вајс. Филмот е прикажан во 2009 година на Канскиот филмски фестивал. Филмот Агора освоил седум Гоја награди во Шпанија, вклучувајќи и награда за најдобро оригинално сценарио.

„Агора“
Податотека:Agoraposter09.jpg
РежисерАлехандро Аменабар
ПродуцентФернандо Боваира
Алваро Аугустин
СценаристАлехандро Аменабар
Матео Гил
Главни улогиРејчел Вајс
Макс Мингела
МузикаДарио Марианели
КинематографијаXavi Giménez
МонтажаNacho Ruiz Capillas
ДистрибутерFocus Features
Newmarket Films
Telecinco Cinema
Премиераоктомври 9 2009 (2009-10-09)[1]
Времетраење126 минути
ЗемјаПредлошка:Film Spain
Јазиканглиски
БуџетUS$75 million ( 50 million)

Содржина

уреди

Дејството се случува во 4 век во Александрија, за време на владеењето на Римското Царство. Хипатија предава во платонска школа, каде се школуваат идните водачи. Таа е ќерка на директорот на музејот, и вљубена во науката и филозофијата толку многу, што ја одбива љубовта на својот ученик Орестес, кој подоцна станува префект на Александрија. Тоа е време на социјални немири во Александрија и секојдневни кавги и немири меѓу паганите и христијаните. После една борба меѓу нив, паганите се повлекуваат во библиотеката, меѓу нив и Хипатија, и остануваат заробени внатре. Стигнува наредба од римскиот цар дека христијаните смеат да влезат во библиотеката. Хипатија заедно со останатите се обидува да спаси колку што е можно повеќе од старите списи во библиотеката, бидејќи знаат дека христијаните кога ќе влезат внатре, ќе ги уништат во својот бес. Така и се случува, па гледаме сцени на кршење на статуи и палење на списи.

Во меѓувреме, прикажана е тајната љубов на робот на Хипатија, Давус, што тој ја чувствува кон неа, но и тоа дека тој станува христијанин. Давус учествува во уништувањето на библиотеката, а вечерта се враќа кај својата господарка, Хипатија, и се обидува насила да води љубов со неа. Сепак се откажува од таа намера и бара милост. Хипатија го ослободува и му вели да си оди, сега е слободен човек.

После неколку години, христијаните се почитуван дел од населението, а Орестес кој станува префект на Александрија е исто така христијанин. Хипатија се занимава со своите проучувања на небесните тела. Но овој пат судирот настанува меѓу Евреите и христијаните, кои вршат напади едни врз други. Водачот на христијаните, Кирил, откако забележал дека Хипатија има големо влијание врз Орестес и неговата политика, смислува план јавно да го натера Орестес да ја покори Хипатија, која се декларира како атеист. Кирил јавно почнува да зборува против Хипатија, обвинувајќи ја за вештерство, и јавно чита делови од Библијата во кои се вели дека на жените не треба да им се даде право да учат, завршувајќи со заклучокот дека Исус своето знаење го оставил на дванаесет ученици, и сите биле мажи, немало жена меѓу нив. Христијаните се доволно бесни, и ја бараат Хипатија да ја убијат. Давус се обидува да ја предупреди, но толпата веќе ја носи Хипатија на каменување. И додека собираат камења за да ја каменуваат, Давус ја дави Хипатија, со што сака да ја спаси од болната смрт со каменување.

Снимање

уреди

Снимањето на филмот е започнато на 17 март 2008 година на Малта, а снимањето траело 15 недели.[2] За потребите на филмот се ангажирани речиси 400 луѓе, а за време на снимањето се случил инцидент, при што глумецот Чарлс Тејк е повреден на лицето.[3] Снимањето е завршено во јуни.[4]

Наводи

уреди
  1. „Agora (2009) - Release dates“. Internet Movie Database. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  2. Rolfe, Pamela (2008-03-14). „Bovaira takes wraps off 'Agora'. The Hollywood Reporter. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  3. Vella, Matthew (2008-04-16). „Charles Thake sustains minor injuries on 'Agora' set“. Malta Today]]. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  4. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Holleran.

Надворешни врски

уреди