Аголно забрзување

Аголно забрзување - стапка на промена на аголната брзина. Во Меѓународниот систем на мерни единици (SI единици), аголното забрзување се мери во радијани во секунда на квадрат (рад/с2), и обично се означува со грчката буква алфа (α).[1]

радијани во секунда на квадрат
Мерен системизведена SI единица
Единица зааголно забрзување
Ознакаrad/s2

Математичка дефиниција

уреди

Аголното забрзување може да се дефинира како :

  , или
  ,

каде   е аголна брзина,   е линеарно тангенцијално забрзување,  , (обично дефиниран како полупречник на кружната патека по која се движи точката), е растојанието од почетокот на координатниот систем што ги дефинира   и   до точката од интерес.

Равенки на движење

уреди

За дводимензионалното вртежно движење (константа  ), Вториот Њутнов закон може да се прилагоди за да го опише односот меѓу вртежниот момент и аголното забрзување:

  ,

каде   е вкупниот вртежен момент што делува на телото, а   е инерцијалниот момент на телото.

Постојано забрзување

уреди

За сите константни вредности на вртежниот момент,  , на еден објект, исто така и аголното забрзување ќе биде константно. За овој посебен случај на постојанo аголно забрзување, горната равенка ќе произведе конечна, константна вредност за аголното забрзување:

Непостојано забрзување

уреди

За секој непостојан вртежен момент, аголното забрзување на објектот ќе се промени со текот на времето. Равенката станува диференцијална равенка, наместо константна вредност. Оваа диференцијална равенка е позната како равенка на движење на системот и со неа може целосно да се опише движењето на објектот. Исто така е и најдобар начин да се пресмета аголната брзина.

Наводи

уреди
  1. „Angular Velocity and Acceleration“. Theory.uwinnipeg.ca. Архивирано од изворникот на 2012-02-22.

Поврзано

уреди