Агенцијата за филм е основана со Законот за филмската дејност (сл. Весник бр.82/2013). Своето работење го почнува на 01.01.2014 година како правен наследник на Филмскиот Фонд на Република Северна Македонија.

Агенција за филм
Податоци за органот
Основан 2014
Претходник Филмски фонд
Надлежност Влада на РМ
Седиште Скопје, Македонија Македонија
Вработени 11[1] (2022)
Мрежно место
filmagency.gov.mk

Основната цел на Агенцијата за филм е развој и унапредување на филмската дејност во Република Северна Македонија. Преку континуираната поддршка на производството на филмови од национален интерес во филмската дејност, поддржување на реализација на меѓународни филмски копродукции, грижата за унапредување на стручните кадри, поттикнување на развој на домашни сценарија, промоцијата на домашното филмско творештво на врвни меѓународни фестивали и настани, како и промоција на Република Северна Македонија како земја која располага со поволни услови за привлекување на странски продукциски компании за снимање на филмови, Агенцијата го трасира патот до остварувањето на својата цел. Средствата за работа на Агенцијата за филм се обезбедуваат од Буџетот на Република Северна Македонија и од други извори утврдени со Законот за филмската дејност.

Наводи

уреди
  1. „Извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2022 година“ (PDF). Народен правобранител на Република Македонија. септември 2023. Посетено на 21 ноември 2024.