Агенс (граматика)
Граматичкиот агенс, или познат како причинител или агент, е поим во семантиката со кој се опфаќа причината или причинителот на дејството.[1] Агенс може да е и поим со кој се опфаќа тематската улога (или позната како тематски однос).
Теорија
уредиТипично, ситуацијата е означена со реченица, дејството со глаголот во реченицата, а агенсот со именска фраза. Така на пример, во реченицата „Томе ја шутна топката“, 'Томе' е агенсот, а „топката“ е пациенс. Кај некои јазици, агенсот е деклиниран или означен за да ја искаже својата граматичка функција. Во јапонскиот јазик, агенсот типично има наставка ga или wa (на хирагана が, は). Формално македонскиот и англискиот немаат специјални наставки за агенсот.
Агенсот е често помешан со подметот во реченицата, но овие две категории се различни. Првото се заснова на односот неговиот однос со дејството кое се искажува преку глаголот, додека второто се заснова на протекот на информациите, зборовниот редослед и неговата важност во реченицата. Така на пример, може да се земе реченицата „Томе ја шутира топката“ и нејзината пасивна форма „Топката е шутирана од Томе“. Кај активната реченица, „Томе“ е подмет и агенс во реченицата, но кај пасивната „топката“ е посмет, а „Томе“ сè уште е агенс без разлика на положбата во реченицата.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Kroeger, Paul (2005). Analyzing Grammar: An Introduction. Cambridge: Cambridge University Press. стр. 54. ISBN 978-0-521-01653-7.
Надворешни врски
уреди- Агенс Архивирано на 17 февруари 2019 г.
Оваа статија од областа на лингвистиката е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |