Автопортрет изработен на 34-годишна возраст (Рембрант)
Автопортрет изработен на 34-годишна возраст — автопортрет на Рембрант, датирана од 1640 сега во Национална галерија во Лондон. Сликата е една од многуте автопортрети на Рембрант, и во сликарството и во гравирањето, тој продолжува со својата длабока интроспективна психолошка анализа. Во овој случај, специфичните влијанија во композициските асоцијации се препознаваат од влијанието на Рафаел — „Портрет на Балдасаре Кастицоне“ (сега во Лувр) и на Тицијан — „Човек со извезен ракав“.
Творец | Рембрант |
---|---|
Година | 1640 |
Димензии | 102 см × 80 см |
Место | Национална галерија, Лондон |
Рембрант ги видел и овие дела во Амстердам, во негово време центар на трговијата со уметност во Европа, и направил повеќе студиски скица особено на делата од Рафаел[1].
И во овој автопортрет користи темна гама, конкретно светло — темно, со што постигнува таинствена атмосфера и истакнување на состојбите — емотивни, психолошки,мисловни.[2]
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди„Автопортрет изработен на 34-годишна возраст (Рембрант)“ на Ризницата ? |