Автомобил на годината (во Европа)

Автомобил на годината (англиски: Car of the Year) - меѓународна награда за најдобар автомобил во Европа. Наградата се доделува од 1964 година од страна на меѓународно жири.

Шефот на дизајнот Јагуар, Ијан Калум го држи трофејот „Автомобил на годината 2019“ за Јагуар I-место

Историјат и услови

уреди

Наградата „Автомобил на годината“ започнала да се доделува во 1964 година. Секоја година, изборот на најдобар нов автомобил во Европа го врши меѓународно жири, составено од новинари од областа на автомобилизмот од различни европски земји. Автомобилите се оценуваат според повеќе критериуми, како: економичност, удобност, безбедност, возни својства, функционалност, дизајн и технички напредок.[1]

2015 година

уреди

На 52. издание на наградата „Автомобил на годината“, изборот на најдобар нов автомобил во Европа го извршила меѓународна жири-комисија, составена од 58 новинари од 22 европски земји. Притоа, комисијата избрала седум автомобили во финалето, а за најдобар автомобил бил избран новиот „пасат“ на „Фолксваген“, кој победил со освоени 340 бода.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Новиот „пасат“ е „Автомобил на годината“ за 2015“, Утрински весник, година XVI, број 4725, четврток, 5 март 2015, стр. 9.