Автомобилски регистарски таблички во Абхазија
Владата на Абхазија, која се смета како независна од Грузија, издава свои регистарски таблички за моторните возила кои се регистрирани на територијата на Абхазија. Дизајнот на табличките е ист како на табличките од Русија, но без регионален код, наместо Знаме на Русија стои знаме на Абхазија, и наместо кодот RUS стои кодот ABH.
Шемата на табличката е следна: A-001-AA. Се користат букви од кирилицата кои се слични со латиницата. Буквите кои се користат се: А, Б, В, Е, К, М, Н, О, Р, С, Т, У, и Х.
Грузија не ги признава табличките од Абхазија, а исто така и Абхазија не ги признава табличките на Грузија.
Оваа статија Абхазија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |