Абу Ајуб ал Масри
Абу Ајуб ал Масри (арапски: أبو أيّوب المصري, 1968 - 18 април 2010) е член на Ал-Каеда и раководител на организацијата во Ирак.
Абу Ајуб ал Масри | |
---|---|
أبو أيّوب المصري | |
Роден(а) | 1968 Египет |
Починал(а) | 18 април 2010 Ирак |
Други имиња | Јусеф ал-Дардири |
Занимање | Раководител на Ал-Каеда во Ирак |
Вистинскиот идентитет на Абу Ајаб ал-Масри, човекот кој го наследи Абу Мусаб ал-Заркави како водач на Ал-Каеда во Ирак останува енигма. Според Монтасер ал-Зајат, адвокат и поранешен член на исламистичката група Џамаа исламија, неговото вистинско име е Јусеф ал-Дардири.