Абурукува
Абурукува е удирачки инструмент, еден вид отворен тапан што го користи населението од етничката група Акани, во Гана [1].
Тој има форма на шише и кожата на врвот е прицврстена со штипалки. На него обично се удира со закривени стапчиња. Звукот на абурукувата наликува на пеењето на птица со истото име.
Наводи
уреди- ↑ Aburukuwa, State master - Encyclopedia Архивирано на 4 ноември 2015 г. анг.