Абецеда на стравот
„Абецеда на стравот“ (хрватски: Abeceda straha) – југословенски филм од 1961 година, во режија на Фадил Хаџиќ (неговиот прв филм), кој е и автор на Сценариото (засновано врз вистинити настани), заедно со Федор Видас. Главните улоги ги толкуваат: Весна Бојаниќ (нејзиниот прв и единствен филм), Јосип Запалорто (неговиот прв филм), Нада Касапиќ, Татјана Бељакова, Јасенка Кодрња и Миодраг Лончар.[1]
Синопсис
уредиДејствието на филмот се одвива во Загреб, во 1943 година. Студентката Вера (ја игра Бојаниќ) е храбра илегалка која се уфрлува во станот на банкарскиот директор и усташки шпион Молнар (го игра Запалорто), претставувајќи се како неписмена слугинка со лажно име Катица. Нејзината задача е да го пронајде списокот на усташките шпиони кои се уфрлени во редовите на партизаните. Во станот на Молнар често доаѓаат на гости високи претставници на усташкиот режим, а и постарата ќерка Елза е припадничка на усташката војска. Вера се зближува со помладата ќерка, наивната и романтична Саша, која почнува да ја учи да пишува. Во текот на работата, Вера има пристап до сите простории во станот, па кога Молнар заминува на службен пат, таа добива можност да го пребара неговиот кабинет...
Наводи
уредиОваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |