Абаја (езеро)
Езерото Абаја (англиски: Abaya, бивш назив Margherita) е езеро во јужниот дел на Етиопија. Се наоѓа во високи планини. Градот Арба Минч (Arba Minch) лежи на езерото.
Абаја (езеро) | |
---|---|
Координати | 6°26′N 37°53′E / 6.433° СГШ; 37.883° ИГД |
Главни приливи | Билате |
Сливни земји | Етиопија |
Најг. должина | 60 km км |
Најг. ширина | 20 km км |
Површина | 1.162 км2 км2 |
Прос. длабочина | 7.1 m м |
Најг. длабочина | 13.1 m м |
Зафатнина | 8.2 km3 (2.0 cu mi) км3 |
Надм. височина | 1285 m м |
Населени места | Арба Минч |
Површината на езерото изнесува 1.160 км2[1]. Се наоѓа на надморска височина од 1,268 метри [2]. Негов одлив е реката Галана Саган.
Според податоците на Статистичкиот преглед на Етиопија за 1967/68, езерото е долго 60 километри, а широко 20 километри. Максималната длабочина на езерото изнесува 13 метри.
Литература
уреди- Мала Енциклопедија на Просветата - Општа Енциклопедија (А-Љ). Издавачко претпријатие "Просвета", Белград 1959.