Џјиучју Шји или Река Џјиучју (превод: Река со Девет Свиоци) — река што извира во планините Вуји или Вујишан (Wǔyí Shān), порано познати како Бохеа Хилс во раните западни документи. Реката и планинскиот венец се наоѓаат во префектурата Нанпинг, во северната покраина Фуџјиан, во близина на границата со покраината Џјиангшји, Кина. Подрачјето е познато ширум светот по неколку ретки и ендемични растителни видови, неговите речни долини и изобилството на важни храмови и археолошки наоѓалишта, со што областа станала Светско наследство на УНЕСКО.[1]

Џјиучју Шји
Jiuqu Xi
Река Џјиучју
Поглед од реката
Прекар(и)Река со Девет Свиоци
Изворно име武夷山
Местоположба
ДржаваКина
ПокраинаФуџјиан и Џјиангшји
Физички особености
Извор 
 • координати27°49′16″N 117°42′11″E / 27.82101354905567° СГШ; 117.70295688329412° ИГД / 27.82101354905567; 117.70295688329412
Устие 
 • координати
27°38′29″N 117°58′09″E / 27.641379294919663° СГШ; 117.96927793816394° ИГД / 27.641379294919663; 117.96927793816394
Должина60 км
Особености на сливот
Службен назив: Mount Wuyi
Тип:Mixed
Критериуми:iii, vi, vii, x
Прогласено:1999 (23rd session), modified 2017
Број911bis
Region:Азија-Тихоокеанија
Врвот „Девојка од Жад“ (десно) на Џјиучју Шји (Река со Девет Свиоци), планини Вуи, 1871 година

Реката Џјиучју Шји е долга околу 60 километри, меандрира во длабока клисура меѓу ридови. На повеќето места, таа е бавен, плиток поток каде може да се плови само со мали пловни објекти како чамци со весла и кануа. Сепак, реката во една точка се стеснува на само неколку метри, но на длабочина од 80 метри.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Mount Wuyi“. UNESCO World Heritage Centre. United Nations Educational Scientific and Cultural Organization. Посетено на 9 Apr 2021.
  2. „Wooed by Wuyishan“. The Ninjinger.

Надворешни врски

уреди