Севернокорејски календар
Севернокорејски календар или џуче-календар — систем за одбројување на годините кој се користи во Демократска Народна Република Кореја (Северна Кореја).
Историја
уредиКалендар е воведен во 1997 година и се заснова на датата на раѓање на Ким Ил Сунг 15 април 1912 г. Оваа година се зема за џуче 1 и целиот систем започнува од таму. Не постои џуче 0. Џуче-календарот ги задржал традиционалните месеци и денови во месецот од грегоријанскиот календар. Па за да се пресмета, џуче-годината по 1912 г., едноставно се одзема 1911.
Примери
уредиЏуче-година | Грегоријанска година | Дангун година |
---|---|---|
1 | 1912 | 4245 |
51 | 1962 | 4295 |
100 | 2011 | 4344 |
101 | 2012 | 4345 |
102 | 2013 | 4346 |
103 | 2014 | 4347 |
Практична употреба
уредиВо многу случаи за употреба надвор од Кореја џуче-календарот е запишана по соодветната Грегоријанска година т.е. 12 јуни 2007 г. (џуче 96). Но, повеќето ДНР-Корејски институции ја поставуваат Грегоријанската година на второ место на следниов начин 12 јуни џуче 96 (2007 г.).