Џоселин Фрер Адбургам
Џоселин Фрер Адбургам (поранешно Абрам) (24 мај 1900 - 23 јануари 1979 година) била британски архитект и градски планер и првата жена признаена во професионалното членство на Кралскиот институт за урбанистичко планирање.[1]
Ран живот и образование
уредиЏоселин Адбургам била позната како Џоселин Абрам до 1936 година, кога нејзината мајка го променила презимето.[2] Таа e родена во 1900 година во Пислејк, Сари, најмладото од трите деца на Едвард Вилијам Абрам (1869-1929) и неговата сопруга Луси, родено Ештон (1865-1942). Семејството било просперитетно, а Џоселин престојувала во неколку интернати пред да посетува средно училиште за девојки Нотинг Хил во Лондон. Во 1917 година, таа и нејзината сестра Силвија се запишале на колеџот Бедфорд, но и двете заминале без да се стекнат со квалификација.[2]
Нејзиниот избор на кариера можеби бил под влијание на нејзиниот татко, кој бил еден од основачите на две важни архитектонски изданија кои постојат и денес, Билдерс Журнал (анг: Builders' Journal) подоцна преименувано во Аркитектс Журнал (анг: Architects' Journal) и Аркитекчуал Ривју (анг: Architectural Review). Од 1920 до 1922 година студирала на Централното училиште за уметности и занаети во Лондон, каде што земала часови по цртање, дизајн и структурна механика, како и архитектонска историја.[2]
Рана кариера
уредиОд 1922 до 1926 година Абрам работела како архитектонски асистент во две фирми, прво ВХ Гејз и Синови, а потоа ПА Стајнс и АХ Џонс.[2] Во 1926 година се приклучила на канцеларијата на водечкиот архитект-планер и геодет Вилијам Роберт Дејвиџ, кој веројатно станал нејзин ментор. Во тоа време ги положила испитите на Институтот за урбанизам и станала прва жена професионална членка, во 1928 година.
Во 1930-тите работела главно како планер во студиото на Дејвиџ, вклучително и на планови, извештаи и проекти за окрузите: Кент, Сари, Беркшир, Оксфордшир и Кембриџшир.[3] Во 1932 година, се обидела да ги прошири своите квалификации на архитектура, и аплицирала да стане лиценцирана членка (член што може да покаже компетентност без да положи формални испити) на Кралскиот институт на британски архитекти (RIBA). На Адбургам „многу и се восхитувале нејзините колеги како модел на независна професионална жена“.[3]
Домување
уредиЏоселин Адбургам одиграла значајна улога кон радикално ново размислување за дизајнот на социјалните станови, особено во периодот пред Втората светска војна. Во 1934 година, била еден од основачите, со консултантот за домување Елизабет Денби и архитектката Џудит Ледебоер, од Центарот за домување,[4] со намера да ја промовираат идејата за модерни, добро дизајнирани домови.[3] Седиште на центарот било во просториите на улицата Сафолк 13, Лондон и во 1974 година, Адбургам станала негов потпретседател. Како независен архитект, дизајнирала станбен блок за Друштвото за подобрување на куќата во Фулам: „Брајтвелс“ од Кланкарти Роуд, Фулам.
За нејзината шема за гимназија (1938) на Нонингтон Колеџот за физичко образование во Кент се вели дека е најголемата зграда со дрвена рамка во Англија. Таа користела модуларни компоненти, нешто за што задржала силен интерес во подоцнежната, повоена работа.[2]
Втора светска војна
уредиЗа време на Втората светска војна, Адбургам и Ледебоер биле назначени во владините комитети за обликување на повоената политика за јавно домување. Адбургам исто така била член на комитетот за планирање на Кралската академија кој создала план за реконструкција на повоен Лондон во 1942 година. Продолжи да придонесува во дискусиите преку пишување и предавање. Во ноември 1942 година, во списанието Природа забележано е дека одржала предавање на тема „Населување на земјиште - неговите санитарни и архитектонски аспекти и можности по војната“.[5]
Подоцна кариера и смрт
уредиПо Втората светска војна, Адбургам продолжила да работи како архитект-планер, и во практиката на Дејвиџ (во која станала партнер) и самостојно. Забележена е во 1959 година како архитект задолжен за повторното подигнување на историската ветерница Џолсфилд во Сасекс.[6]
Адбургам била член на Здружение за планирање на градови и земја [7]) многу години. Таа често се споменува во списанието на Здружението во својство на член на Комитетот за образование и членство. Била активно вклучена во наставата и промовирањето на принципите на градинарски градови и нови градови. Во 1967 година, била дел од истакнатиот панел од планери, политичари, архитекти и социолози за еднодневниот „Teach-In“[8] во Харлоу. Целта била да се одреди успехот на првата генерација на нови градови и да се идентификуваат лекциите за идните градови што се планираат. Професионалци заедно со жителите на новите градови ги испитувале удобностите, рекреативните капацитети, транспортот, социјалното планирање и напредокот на демократската контрола.
Исто така Адбургам, станала соработник на Институтот за пејзажни архитекти во 1958 година[2] и член на Кралското друштво за уметности во 1962 година.[9] Продолжила да работи на окружните планови, честопати гостувала како експерт во трибуналите и комитетите за планирање и продолжила да пишува написи на теми за планирање.[2] Починала во Нортхемптон во 1979 година.
Наводи
уреди- ↑ „Our history“. www.rtpi.org.uk (англиски). Посетено на 2021-03-11.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Darling, Elizabeth (2019-07-11), „Adburgham [former name Abram], Jocelyn Frere (1900-1979), architect and town planner“, Oxford Dictionary of National Biography, Oxford University Press, doi:10.1093/odnb/9780198614128.013.111908, ISBN 978-0-19-861412-8, Посетено на 2021-03-11
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Walker, Lynne. „Golden Age or False Dawn? ? Women Architects in the early 20th century“. Historic England.
- ↑ „Exploring the influence of pioneering women architects“. www.brookes.ac.uk. Архивирано од изворникот на 2023-07-13. Посетено на 2022-04-28.
- ↑ „Land Settlement“. Nature (англиски). 150 (3811): 571. 1942-11-01. doi:10.1038/150571b0. ISSN 1476-4687.
- ↑ „Sussex Windmill Moved“. The Woman Engineer. VIII (14): 19.
- ↑ „Home“. Town and Country Planning Association (англиски). Посетено на 2022-04-28.
- ↑ „April–June - Town & Country Planning Association“. archive.tcpa.org.uk (англиски). Посетено на 2022-04-28.
- ↑ „Meeting of Council“. Journal of the Royal Society of Arts. 110 (5076): 875–879. 1962. ISSN 0035-9114. JSTOR 41369219.