Џорџ Џон Нобл
Џорџ Нобл (лево) на отворањето на Парламентот во мај 1927 година
Роден(а)ок. 1840
Мутама, Нов Јужен Велс
Починал(а)27 март 1928
Котамундра, Нов Јужен Велс, Австралија
Други имиња
  • Оологан[1]
  • Прекрасен
СопружникАда Куран (1896–1909)
Деца7

Џорџ Џон Нобл (ок. 1840 – 27 март 1928 година) — старешина на Абориџините од племето Вираџури во Австралија. Тој бил роден во Мутама во Нов Јужен Велс и живеел наизменично во Гундагаи додека патувал низ Риверина, Централниот и Јужниот Таблланд, јужниот брег и регионот на Големиот Сиднеј.[2][3] Нобл го добил прекарот прекрасен поради неговата редовна употреба на зборот во своите разговори.[4]

Заедно со колегата старешина од Вираџури, Џими Клементс, Нобл пешачел од мисијата Брунгл, во близина на Гундагаи, до Канбера за да присуствува на отворањето на Привремениот парламентарен дом во мај 1927 година. Тие биле единствените претставници на Абориџините на настанот, со намера да ги покажат своите суверени права во име на својот народ.[5]

Нобл бил пронајден во тешка состојба во Кутамундра на почетокот на март 1928 година и бил однесен во окружната болница Кутамундра.[6] Починал на 27 март и бил погребан во римокатоличкиот дел на гробиштата Кутамундра.[2]

Наводи

уреди
  1. „Week By Week“. South Coast Times and Wollongong Argus. XV (34). New South Wales, Australia. 13 August 1915. стр. 10. Посетено на 4 July 2023 – преку National Library of Australia.
  2. 2,0 2,1 „Obituary“. Cootamundra Herald. New South Wales, Australia. 28 March 1928. стр. 2. Посетено на 4 July 2023 – преку National Library of Australia.
  3. "Marvellous" is Dead“. The Gundagai Times and Tumut, Adelong and Murrumbidgee District Advertiser (7698). New South Wales, Australia. 30 March 1928. стр. 2. Посетено на 4 July 2023 – преку National Library of Australia.
  4. „Old Marvellous Throws His Last Boomerang“. The Tumut and Adelong Times. 47 (2239). New South Wales, Australia. 3 April 1928. стр. 6. Посетено на 4 July 2023 – преку National Library of Australia.
  5. McKenzie, Robyn (9 July 2021). „Stones prove the genius of our Old People“. Living Black. SBS. Посетено на 4 July 2023.
  6. „Marvellous Is Ill“. The Gundagai Independent and Pastoral, Agricultural and Mining Advocate (3030). New South Wales, Australia. 12 March 1928. стр. 2. Посетено на 4 July 2023 – преку National Library of Australia.