Џорџово Езеро (англиски: Lake George) или Дверу (Dweru) — езеро во Уганда. Го сочинува системот на Африканските големи езера, но не се смета за едно од големите езера. Има максимална должина од 20 км, максимална ширина од 18 км, и површина од 250 км2. Се наоѓа на надморска височина од 914 м, има максимална длабочина од 7 м, и зафатнина од 0,8 км3. Како и другите езера во регионот името го добило по член на Британското кралско семејство, во овој случај по принцот Џорџ. На југозапад од езерото преку каналот Казинга се поврзува со Едвардовото Езеро.

Џорџово Езеро
Сателитска снимка на Едвардоворо (лево) и ЏОрџовото Езеро (десно)
Координати0°00′N 30°12′E / 0.000° СГШ; 30.200° ИГД / 0.000; 30.200
Главни истециканал Казинга
Сливни земјиУганда
Површина&10000000000000250000000250 км2
Прогласено:4 март 1988[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Список на рамсарски места“. Ramsar.org. Посетено на 13 април 2013. (англиски)