Џинкшаносаурус
Jingshanosaurus
Период: Рана Јура фосилни остатоци
Скелет на „Џинкшаносаурус шиновејсис“ во Музејот на наука во Мајами.
Научна класификација
Типски вид
„Џинкшаносаурус шиновејсис“
Жанг и Јанг, 1995 година

Џинкшаносаурус (Jingshanosaurus) диносаурус одродот сауроподоморф од групата прозауроподи (Просауропода).[1]

Реконструкција

Опис и име

уреди

Неговите фосили, скоро целосен скелет вклучувајќи го и черепот, биле пронајдени во близина на градот Јингшан („Златен рид“), во округот Луфенг, провинција Јунан, Кина, од каде му потекнува името. За прв пат бил опишан во 1995 година.Фосилните остатоци од Џинкшаносаурус биле изложени во музеите неколку години пред официјалното именување.[2]

Наоди од фосили и детерминизација

уреди

Живеел во раниот период на Јура (пред околу 199–189 милиони години) во областите на Источна Азија. Должината на телото му била приближно 5-7,5 м. Неговите остатоци се пронајдени во Кина (во провинцијата Јунан).[3]

Класификација

уреди

Џинкшаносаурус можеби бил најтесно поврзан со Јунаносаурус и, на моменти, бил вклучен во Јунаносауридите. Всушност, Донг сметал дека Џинкшаносаурус бил голем примерок на Јунаносаурус. Ако тоа е вистина, ова ќе го направи Џинкшаносаурус помлад синоним за Јунаносаурус.

Наводи

уреди
  1. Jingshanosaurus[мртва врска]
  2. „Jingshanosaurus“. Архивирано од изворникот на 2020-07-19. Посетено на 2021-02-26.
  3. Jingshanosaurus pictures and facts

Надворешни врски

уреди