Ќе се сретнеме вечерва

„Ќе се сретнеме вечерва“ (српскохрватски: Срешћемо се вечерас) — филм на режисерот Франтишек Чап од 1962 година. Главните улоги ги играат: Јанез Чук, Метка Оцвирк и Борис Бузанчиќ.[1]

Синопсис

уреди

Јоца (го игра Чук) е студент по музика кој учествува на еден музички фестивал со песната „Ќе се сретнеме вечерва“. Него во хотелот случајно го заменуваат за еден познат диригент, а тој без размислување ја прифаќа таа улога. Се разбира, тој веднаш запаѓа во неприлики.

Наводи

уреди